Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По информациите за птичји грип во Мексико, земјава го подигна нивото на внимателност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По информациите за птичји грип во Мексико, земјава го подигна нивото на внимателност
Агровести

По информациите за птичји грип во Мексико, земјава го подигна нивото на внимателност

Објавено 07/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По добиените информации од Светската здравствена организација (WOAH) со кои е потврдена првата смрт на човек заразен со поттипот на птичји грип H5N2 во Мексико, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе продолжи на дневна основа да ја следи состојбата и доколку се процени дека има потреба, ќе преземе соодветни мерки.

Како што изјави за МИА директорот на АХВ, Николче Бабовски, засега е подигнато нивото на внимателност во државата, бидејќи птичјиот грип е вирус кој освен за живината каде предизвикува висока смртност, некои соеви може да бидат сериозна опасност и за луѓето. 

Последен случај на птичји грип во земјава кај питомата популација живина е регистриран во 2017 година во струшкото село Мороишта, а во 2022 година во виничкото село Градец каде од оваа болест угинаа неколку птици кои се чувале како миленици – пауни, патки и фазани.   

-Останува апелот до одгледувачите на живина, до ветеринарните друштва и до официјалните ветеринари, да ја пријават секоја зголемена смртност кај живината во одгледувалиштата или за угинати птици преселници. Заради спречување на ширење на вирусот на птичји грип, следејќи ја на дневна основа состојбата со оваа болест во регионот и светот, носиме решенија за забрана за увоз на живи животни и производи и нус производи од живина од земјите и регионите каде е потврдено присуството на оваа болест. Спроведуваме и активности за надзор на авијарната инфлуенца преку земање примероци крв и брисеви од живина и диви птици за утврдување на евентуално присуство на птичји грип, нагласува Бабовски.  

Тој потсетува дека болеста најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар и од неа првенствено заболуваат птиците.

-Апелираме до одгледувачите на живина да преземаат превентивни мерки за намалување на ризикот од појава или пренесување на оваа болест во јатата, особено во периодите на активност (преселба) на дивите птици. Препорака е живината да се држи подалеку од области кои се посетувани од диви птици, да се контролира пристапот до одгледувалиштата на живина на луѓе и опрема, да се отстранат предмети од одгледувалиштето кои може да привлечат диви птици, одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата, да не се внесува живина/ птици од непознат статус на болеста во јатото/ на одгледувалиштето, да се води евиденција за болни и угинати птици, соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.

Од авијарна инфлуенца најчесто заболуваат кокошките и мисирките, додека кај патките и гуските се развиваат само благи симптоми на болеста. Дивите птици, особено дивите патки, можат природно да бидат отпорни и да не покажуваат клинички знаци на болеста. Птиците кои не покажуваат знаци на болеста може да го носат вирусот и се опасност од негово ширење кај живината. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:внимателностинформациитеМексикоподигна нивотоптичји грип
Претходен напис Средба со земјоделци од Општина Росоман на тема ИПАРД и други мерки на Владата
Следен напис Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?