Натпреварот во лежење во Црна Гора заврши по 50 дена.
Според објавата на „Етно село Монтенегро“, најдолго издржале Лидија и Филип. Сепак, тој џентлменски ѝ ја отстапил победата.

„Во деновите на „самотија“ кога душата се соочува со себе, длабоко се размислува за се. Имаше многу емоции, молитви… Двајцата од вкупно дваесет и еден ги победија натпреварувачите од Црна Гора, Русија, Србија и Украина. И двајцата решија заедно да застанат на тронот и заедно со порака до сите југословенски народи и политичари порачаа дека љубовта и хармонијата решаваат се. Како џентлмен, Филип ѝ ја препушта медиумската победа на Лидија“, стои во објавата.
Натпреварот започна на 18 август во црногорското село Брезна со 21 кандидат.
Овој натпревар е посебно интересен поради прифатениот стереотип за Црногорците – дека се наводно мрзлив народ. Правилата се едноставни – на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, јадење и пиење. На секои осум часа, дозволено е да се оди в тоалет.
Натпреварот го организира црногорското „Етно-село Монтенегро“.
