Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од декември стартува дневната евтина тарифа, ќе биде во периодот од 13 до 15 часот, вели Бислимоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од декември стартува дневната евтина тарифа, ќе биде во периодот од 13 до 15 часот, вели Бислимоски
Агровести

Од декември стартува дневната евтина тарифа, ќе биде во периодот од 13 до 15 часот, вели Бислимоски

Објавено 05/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од декември, во периодот од 13 до 15 часот, ќе стартува дневната евтина тарифа за електрична енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Покрај во овој период од денот, Бислимоски вели дека евтината тарифа останува да важи и во ноќните саати, од 22 часот до 7 часот изутрина. Дневната евтина тарифа се враќа откако беше укината на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија.

Според Бислимоски, енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што, како што вели, се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина дневна електрична енергија.

„Нашата држава, како и цела Европа, се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи извори на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори“ истакнал Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

Тој посочи дека во време на енергетска криза за 20 отсто во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат. Со тоа, како што вели Бислимоски, се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 отсто увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.

Текстот во целост може да го прочитате на ЛИБЕРТАС

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Претходен напис По 50 дена заврши натпреварувањето во лежење во Црна Гора: Ќе се изненадите кога ќе видите кој победи и ќе биде прогласен за најмрзлив
Следен напис Николовски од манфицестацијата Светски ден на Вранецот: Мерките кои ги креираме за винскиот сектор даваат резултати, македонското вино го позиционираме високо на светската винска мапа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?