Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
Фондови

Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства

Објавено 30/08/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Рурално подрачје е населено место со помалку од 30 000 жители.

Тоа значи дека за мерка 7 од ИПАРД може да аплицираат баратели чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како Берово, Пробиштип, Богданци, Дебар, Кратово, Кочани, Делчево и други.

Според досегашниот интерес од страна на читателите на Агротим се потврдува актуелноста на Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма. Токму затоа сакаме да ја доближиме до сите заинтересирани кои планираат да инвестираат во руралниот туризам, преку информации кои услови треба да се исполнат и кои документи да се обезбедат за да може преку ИПАРД да се вратат 65 % од инвестицијата.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. За што може да се аплицира во Руралниот Туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели

Обезбедување на пристап, уредување и офрадување.

Инвестицијата треба да биде во рурална средина и тоа спотед листата на Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД. Рурални подрачја според ИПАРД се населени места до 30 000 жители. Тоа значи дека за Мерка 7 од ИПАРД може да аплицираат баратели чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како Берово, Пробиштип, Богданци, Дебар, Кратово, Кочани, Делчево и други.

Документи кои се потребни при изградбата на објектот и набавка  на оваа опрема се:

  1. Барање за користење на средства ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорно лице
  3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука за вршење на економската активност или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
  5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
  6. Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција за вршење професија, дејност или должност
  7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
  8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
  9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  10. Потврда од локалната самоуправа – Општината Струга (Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД),  дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  11. Имотен лист за земјиштето каде ќе се гради објектот
  12. Доколку е изнајмено потребен е и договор за закуп не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се направи договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист
  13. Решение за одобрен елаборат од министерство за животна средина ( или ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТОТ
  14. Три понуди од различни добавувачи за секоја ставка придружени со техничка спецификација и изјава за земја на потекло
  15. Копии од лиценци за градба за секој понудувач
  16. Договор за општи трошоци
  17. Фактура за платени општи трошоци
  18. Понуда за општи трошоци
  19. Одобрение за градба, реконструкција, адаптација на објект
  20. Копии или електронска форма од основните технички цртежи и предмер пресметка од ревидирана техничка документација
  21. Деловен план (консултантска куќа)

Важно: Со оглед на тоа дека се работи за инвестиција предложена од правно лице капацитетот не треба на биде поголем од 20 соби во кои можат да се сместат најмногу 50 лица (не вклучувајќи ги дополниелните кревети за деца). Надворешниот изглед мора да биде во согласност со стилот со традиционалната архитектура или да е во соглсност со пејсажниот амбиент на околината.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да нè контактирате на телефонските броеви:  070/267 789, 071/285 385 и 071/225 345.

Може да ви се допадне

Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
Трипуновски: ИПАРД средствата повторно достапни за македонските земјоделци
Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки
Поднесено обвинение за аферата ИПАРД: Управител и државни службеници обвинети за давање и примање поткуп, бил ветен подарок од 50.000 евра
Таг:економијаипарднајновонаселени местарурални области
Претходен напис Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница
Следен напис Од 7 до 10 септември ќе се одржи „Крап куп Дебар 2023“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?