Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 7 до 10 септември ќе се одржи „Крап куп Дебар 2023“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 7 до 10 септември ќе се одржи „Крап куп Дебар 2023“
Агровести

Од 7 до 10 септември ќе се одржи „Крап куп Дебар 2023“

Објавено 30/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 7 до 10 идниот месец на Дебарско Езеро ќе се одржи традиционалниот „Крап куп Дебар 2023“ информираа од Спортското риболовно друштво „Трофта“ кое заедно со Carp Tim Тетово се организатори на овој настан.

Право на учество имаат сите рекреативни риболовци а котизацијата изнесува 4 илјади денари. Предвидени се награди и тоа за прво место екипно 300 евра и златни медали, второ место 200 евра и трето место 100 евра , со сребрени односно бронзени медали. За среќниот рибар кој ќе улови најголема риба следува парична казна од 100 евра, додаваат од друштвото.

Во однос на правилата посочуваат дека рибарите ќе ловат по тројца во екипа, ќе се лови со 6 трски не подолги од 4 метри а резервните трски не треба да бидат во правец на езерото.

– Се лови една трска-една јадица, дозволен е зик-риг, прихранување со пченка, храна во прав, бојли и слично, нема ограничување во однос на количината на прихрана на местото каде што ќе се лови но е забрането да се донесе дополнителна прихрана, откако ќе започне натпреварот. За време на ловење забрането е движење на чамци, дронови и сонари. Се мерат само видовите крап и амур, објаснуваат од друштвото.

Рибарите-натпреварувачи треба да пристигнат на 7 септември во 8 часот кај ресторанот „Дрилон“ а по спроведената ждрепка ќе бидат распоредени долж градската плажа.

Од друштвото велат дека се добредојдени и донатори а посебен апел упатуваат до сите учесници отпадоците да ги фрлаат на соодветното место за тоа.

МИА

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:Крап куп Дебар 2023
Претходен напис Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
Следен напис Намалени производството и продажбата на шумски производи во државните шуми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?