Втората половина од месец мај, завршниот мониторинг на планинскиот чај беше успешно реализиран на сите три локации во Преспа: селата Крани, Стење и Царев Двор. Радосната вест е дека чајот повторно никна, благодарение на посветената грижа на Руралните Жени од Преспа.
Во текот на последните четири години, овие жени стекнаа непроценливи вештини за успешно култивирање на планинскиот чај. Тие научија како соодветно да го наводнуваат и да го чистат од плевели, создавајќи идеални услови за растење.
Проектот го поттикна економскиот развој во овој регион и ги инспирираше жените да продолжат со своите напори. Планинскиот чај сега не е само производ, туку симбол на развој на Преспанскиот регион.
Проектот „ Empowering women for NTFP’s development of Prespa’’ го спроведува организацијата CNVP, со финансиска поддршка од PONT, а преку која се поддржуваат Руралните Жени од Преспа. Проектот има за цел да ги зголеми внатрешните капацитети на организацијата RWoP, за користење на био производи и недрвени шумски производи во регионот на Преспа за угостителска дејност, напишаа на социјлните мрежи од Рурални Жени од Преспа.