Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, еден е се уште активен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, еден е се уште активен
Агровести

Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, еден е се уште активен

Објавено 21/06/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во денешното соопштение, од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер.

– Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште како активен. Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“ на ден 20.06.2024 година има интервенирано екипа со пет вработени и месно население од село Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17.00 часот. Денеска е планинарано да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР, се наведува во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион. БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен (Општина Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со  едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот,  со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот  со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (Општина Сарај).

РЦУК Битола информира дека ТППЕ Битола дека од 12.55 до 14.15 часот,  со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Гермијан.

РЦУК Струмица известува за три пожари: пожарот на запалена ниска вегетација и прнар кај с.Марвинци (Општина Валандово) што од 19.06.2024 година беше локализиран и немаше активно горење, вчера екипи од ЈП МШП „Саланџак“ – Валандово, ДЗС, ТППЕ Валандово го локализираа и го контролираа за да не дојде до повторно активирање, по што е целосно ликвидиран. ТППЕ Струмица, од 11.56 до 13.25 часот, со две теренски возила и со двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во Добрашинци (Општина Василево) и од 14.20 до 17.15 часот, со две теренски возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и депонија во с.Штука.

РЦУК Штип известува за два пожара: ТППЕ Штип од 14.00 до 16.30 часот, интервенирале на запалена земјоделска површина (житни култури и еден комбајн) на површина од 40 хектари во атар на с.Батање (Општина Карбинци).ТППЕ Кочани имале една помала интервенција заради запалена градска депонија.

РЦУК Куманово известува за три пожари: ТППЕ Куманово од 20.05 до 20.50 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалени прагови од пруги во Железничка станица; од 17.55 до 18.55 часот, со  едно противпожарно возило и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Стари Лојза“. Исто така, во изминатото деноноиќие имале уше една помала интервенција.

РЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 17.10 до 18.00 часот, со  едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Требош.

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2 072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43 отсто, а 35,57 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 64,65 отсто, кон итната медицинска помош 24,14 отсто, a кон пожарникарите 6,32 отсто, од реалните повици кон 112 во ЦУК. 

Од ЦУК апелираат сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:активенденоноќиеотвореноПетнаесет пожарирегистрирани
Претходен напис Прв случај на каснување од змија, надлежните апелираат на внимателност за време на летото
Следен напис Вината на Вардарска Долина – Chateau Rizov ја промовираат Македонија во Европа, Канада и во Јапонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?