Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пелагониските земјоделци ја подготвуваат почвата за сеидба на рани пролетни култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пелагониските земјоделци ја подготвуваат почвата за сеидба на рани пролетни култури
Агровести

Пелагониските земјоделци ја подготвуваат почвата за сеидба на рани пролетни култури

Објавено 02/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во битолскиот дел на Пелагонија се подготвува почвата за сеидба на раните пролетни култури, а тутунопроизводителите почнаа со производство на расад.

Според мартовскиот земјоделски календар на Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството со седиште во Битола, во овој период се врши подготовка на азотни ѓубрива и механизацијата за прихрана на есенските посеви, посебно на житните култури кои се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.

-Во овој период од годината се врши подготовка на почвата за сеидба на раните пролетни култури. Во тек e, или привршува прихранувањето на есенските култури, а истовремено се врши сеидба на луцерка, додека во втората половина од месец март ќе се сее сончоглед. За овој дел од Пелагонија карактеристично е и одгледувањето на тутунот, и тоа вклучува два агротехнички периоди, производство на расад и одгледување на нивата. Производството на расад се организира во или блиску до населено место, на рамни, оцедни, заштитени од ветер, топли и плодни почви. Тутунскиот расад се одгледува на леи покриени со најлон. Подготовката на семето бара дезинфекција и `ртење. Сеењето на леи се врши токму во текот на месец март, велат за МИА, агроексперти од битолскиот дел на Пелагонија.

Активни се и градинарите кои се подготвуваат да садат домати, пиперки, модар патлиџан, праз, а на отворено ќе се сее и грашок.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пелагонија
Претходен напис Времето денеска облачно со повремен дожд и слаб ветер
Следен напис Вредните фармери од Спанчево со помош на мерките од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој, ја зголемија и модернизираа фармата на која одгледуваат 110 крави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?