Жителите на Русија и некои делови на Азија ја користат веќе илјадници години за подготовка на лековити средства, а сега популарноста ѝ расте во цел свет.

„Црно злато“, „Шумски дијамант“ и „Печурка на бесмртноста“ се само некои од имињата за печурката чага. Станува збор за печурка која паразитира на шумските дрвја и со изгледот потсетува повеќе на кора на дрво отколку на печурка.
Денес се смета за една од најпотентните состојки кои можат да се пронајдат во шумата. Расте само во шуми од бреза на северната хемисфера, а потребно е околу 20 години да порасне до големина на грозд и тогаш може да се бере.

За комерцијална употреба чагата главно се суши се меле во прав, кој се става во капсули или од неа се прави чај со благ земјен вкус.
Нејзините лековити својства во литературата се споменуваат веќе во 12-от век кога наводно со нејзина помош царот Владимир Мономакх се излеќил од рак на усната. Во текстови од 16 век се наведува како лек против рак, чир и туберкулоза. Во текот на Втората светска војна финските војници пиеле чај од чага наместо кафе за да ја одржат концентрацијата и силата. Новите научни истражувања наведуваат дека оваа печурка би можела да има улога во лечење на рак и воспаленија и се третира како „суперхрана“.

Оваа печурка е и доста хранлива, содржи многу витамини и минерали, антиоксиданси и аминокиселини.
Извор: punkufer.dnevnik.hr
