Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Париз цел ден блокиран од нервозни земјоделци (ВИДЕО)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Париз цел ден блокиран од нервозни земјоделци (ВИДЕО)
Магазин

Париз цел ден блокиран од нервозни земјоделци (ВИДЕО)

Последна измена: 28/11/2019 10:35
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Стотици француски земјоделци пристигнаа на своите трактори во Париз, блокирајќи ја обиколницата преку целиот ден, а повремено го запираа и сообраќајот на Елисејските полиња во центарот на градот.

Земјоделците чекаа да ги примат  владини претставници.

„Ќе се сретнеме со Ана де Бајсер, заменик генерален секретар и со советниците на Претседателството за земјоделство, како и со министерот за земјоделство Дидиер Гијом “, изјави претседателот на СНЕСА, Кристијан Ламнер, попладнево пред земјоделците собрани среде  Елисејските полиња.

Според Министерството за внатрешни работи, 1086 трактори стигнале до Париз. „Тоа е многу голем број, голема мобилизација“, рече попладнето Дидиер Гијом, говорејќи пред Сенатот.

Тие пристигнаа од шест француски региони и го преплавија главниот град за да го искажат својот гнев поради ниските цени и манипулацијата со регулативите.

Уште 200 земјоделци пристигнаа пеш или со автомобил и привремено го блокираа центарот  кога фрлија сено пред луксузниот ресторан Ле Фукет, пренесе Франс прес.

Уште 200 земјоделци пристигнаа пеш или со автомобил и привремено го блокираа центарот  кога фрлија сено пред луксузниот ресторан Ле Фукет, пренесе Франс прес.

Илјадници германски земјоделци исто така со трактори вчера го блокираа  Берлин во знак на протест против планираното намалување на употребата на пестициди и ѓубрива.

Извор : Канал 5

Може да ви се допадне

Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Универзална маринада за сите видови месо! Совршена за ребра и пилешки крилца
Намирници корисни за бактериите во цревата
Таг:блокада со тракторипаризфранцуски земјоделци
Претходен напис Кое овошје можете да го калемите?
Следен напис Пролетната зелка во Струмичко ќе стаса порано за берба од лани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?