Цените на земјоделските производи годинава не се според очекувањата на потрошувачите и постојано варираат, но има разлика и од еден пазар до друг пазар. Деновиве може да се забележи благо намалување на цените, пипер за ајвар се продава за 80 денари килограм, но може да се најде и пакет ајварски пипер спакуван во кутија по цена од 50 денари за килограм.
Претходниот пат Ви ги пренесовме цените на Зелен пазар во Скопје, а еве ги денешните цени на пазарот во скопската населба Ѓорче Петров.
Компирот се продава по цена од 40 денари за килограм.


Дињата веќе е седумдесет денари, сливите 50, праските од 60 до 90 денари во зависнот од сортата, грозјето од 50 до 70 денари за килограм.





Кило краставица има за 50 до 80 денари килограм, црвен домат може да се најде од 40 до 80 денари, додека модар патлиџан се продава на парче, 3 парчиња за 50 денари.



