Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бајковито, магично, волшебно – „Куќата на цвеќето“ репрезент на Преспа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Бајковито, магично, волшебно – „Куќата на цвеќето“ репрезент на Преспа
Магазин

Бајковито, магично, волшебно – „Куќата на цвеќето“ репрезент на Преспа

Последна измена: 10/09/2023 10:26
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Ако има рај на земјата, тогаш лесно ќе го пронајдете. Треба само да го посетите преспанското село Волкодери. А таму, на самиот влез во селото првата куќа покриена со шаренило од бои е вистински цветен рај. Нема некој што поминал по патот за Отешево, а да не ја забележи „Куќата на цвеќето“. Плени со својата убавина, со стил подредени цвеќиња и разни украси, преовладуваат сурфиниите и петуниите, но не изостануваат ниту другите летни цвеќиња, бегонии, сардели, илјада и еден цвет….

И не само во лето, секое годишно време куќата плени со својата убавина. Како што одминува летото, сопственичката Марина Дочоска, веќе ја планира есенската декорација со хризантемите, а потоа доаѓа и зимското цвеќе.

– Ова е магија, не го може секој. Цвеќето бара многу љубов и внимание, но тука владее магија. Се е позитивна енергија, а мене душата ми е исполнета, возбудливо вели Марина.

Магија од цвеќе испреплетена во бајка

Секој дел од дворот си има своја бајковита приказна. Балконите со надвиснати бели сурфинии, дворот со зелена трева, покриена со разновидни украси, а на нив со стил наредени цвеќиња во разни бои. Малку понапред, на прва линија до главниот пат ќе ве пречека бајката со Снежана и седумте џуџиња, како гордо ѕиркаат меѓу цветните грмушки. Дел од приказната е и принцезата на бел велосипед, покриен со циклама петунии, а цветното царство е зачинето со уште многу додатоци и зеленило.

Во дворот ќе ве пречекаат гордите домаќини, чија инспирација за оваа бајковита приказна се позитивните воздишки на сите добронамерници, кои застануваат тука да подишат од воздухот исполнет со цветни ноти и да се фотографираат.

– Љубов за цвеќето сум имала од секогаш. Оваа куќа секогаш беше цветна, но сега е се пошарена и поукрасена. Инспирација за создавање на оваа бајка се сите добронамерници што ќе поминат тука, ќе застанат ќе се фотографираат, вели Марина.

За неа не е тешко да го уреди ова мало царство. Цвеќето ја исполнува и секој слободен миг го користи во дворчето околу нивна организација, аранжирање. Секој ден ги полева со вода, секој трет ден ги прихранува, а на 25 до 30 дена ги третира против инсекти. Внимателно е вклопен и секој украс.

– Не ми е тешко да ги одгледувам цвеќињата, треба само да им го фатиш редот. Цвеќето ме вика. Цвеќето е како детето, мора да се среди сега и веднаш. Се друго може да се остави за утре, но цвеќето не, нагласува Дочоска.

Уметност изразена преку цвеќе на најфотографираната куќа

Секој добронамерник кој поминува на патот, кој води до Отешево, застанува барем за миг да подиши од миризливите ноти на цвеќињата и да се восхитува на погледот приреден од златните раце на Марина. Неизоставен дел е фотографирањето на куќата, со цвеќињата и прекрасните аранжмани. Покрај случајните минувачи, тука, како што ни раскажа Дочоска, се правеле свадбени фотосесии, а се снимале и музички спотови.

– Оваа куќа е еден од промоторите на Преспа. Кога би имало некое броило да се знае колку посетители сме имале. Колку многу е фотографирана, ни самата незнам. Секој што поминува ќе застане ќе се фотографира, а доаѓаат и да купат цвеќе за спомен од „Куќата на цвеќето“, со возбуда раскажува Марина.

Љубовта кон цвеќето на оваа позитивна и вредна жена ја инспирирало да отпочне и сопствен бизнис со одгледување и продажба на цвеќиња, од каде се украсени балконите и дворовите во цела Преспа, а главен снабдувач била и на поголем дел од хотелите во охридско-струшкиот регион. Оние што ќе купат цвеќе од „Куќата на цвеќето“, добиваат и совети како да го одгледуваат, но и бесплатна заштита во текот на целата сезона.

– Јас толку многу работам може нема ни да излезам да погледнам, но кога ќе ги товарам колите со цвеќе од другата страна на улицата и кога ќе се свртам накај куќата ќе си речам, па како да не застанат, па ова вистина е бајка, додава Дочоска.

МИА

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:БајковитоволшебноКуќата на цвеќетомагичноПреспа
Претходен напис Пакет ајварски пипер за 50 денари килограм, еве ги цените и на другите производи
Следен напис Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?