Новите сорти овозможија овоштарството да е исплатливо дури кога ќе се применат научните сознанија и ќе се вложи многу труд и време за овошките богато да родат. Цените варираат од сезона до сезона но долгорочно повеќе се добри години.
Во Србија по бројот на стеблата доминираат коскестите овошни видови за што најмногу придонесоа извонредно поволните природни услови за нивно одгледување. Вкупниот број стебла на сливи во последните десет години незначително се намали, додека евидентни се и промените во сортиментот, повеќе се одгледуваат „чачанска убавица“, „стенлеј“ и „чачанска родна“, а помалку се одгледува ракиската сорта на сливи. И понатаму како подлога доминантно се користи сојот Џенарика (Prunus cerasifera), додека вегетативните подлоги со помала бујност се користат спорадично, не влегоа во помасовна производна пракса, па со самото тоа и искуствата со нив се недоволни за да се извлечат соодветни заклучоци.
Во структурата на овоштарството на Србија, по бројот на стебла, праската се наоѓа на петто место, после сливата, јаболата, крушата и вишната. Во текот на последните десет години бројот на стебла, приносот по стебло и вкупниот принос се во постојан пораст.
Овоштарството исплатливо со новите сорти
Главните одлики на одгледување на кајсии во нашата земја се регионалната ограниченост и варирање на производството. Порастот на побарувачката на плодови за свежа потрошувачка услови воведување на нови сорти како што е „роксана“ и домашните „NS – 4“, „NS – 6“ и „NS – родна“.
Приносот на цреши по стебло во последно време се зголемува, што може да се објасни со копачење на старите насади и подигање на нови, во кои доминираат попродуктивни сорти и се применува посовремена технологија на одгледување. Во однос на вишната, црешата е попрофитабилен овошен вид, што заедно со зголемената побарувачка е причина поради која црешата доживува експанзија.
Според горенаведеното може да се заклучи дека производството на цреши во Србија бележи голем премин од екстензивни до многу интензивни системи на одгледување, чии почетни резултати се охрабрувачки, но кај кои и понатаму постои цела низа отворени прашања за примена во широката земјоделска пракса.
Производството на вишни во Србија има извонредна перспектива, особено во поглед на извозот под услов подобрување на структурата на сортиментот и технологија на одгледување. Свежата вишна е шанса за извоз, но по цена само за прва класа – инаку сѐ останато е за преработка.
Советник за овоштарство Дејан Јоциќ
Извор: agroinfonet.com