Србија би можела да биде најголем извозник на шипинки особено од парцели каде што не се користат пестициди и хербициди, пренесе РТС.
Шипинката, шипката или дивата роза има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот, пектинот, танинот, каротинот и голем број минерали. Овој витамин е исклучително баран во фармацевтската и козметичката индустрија. Над 20 сорти на шипинки успеваат во оваа климатски погодна земја и можат да се најдат речиси насекаде, бидејќи за разлика од многу други култури, шипинките немаат посебни барања за одгледување.
На северот од Банат има се повеќе насади и моментално се бере плодот. Поради сушата, приносите се потпросечни и изнесуваат околу три тони по хектар. Берењето оди бавно, во зависност од густината на родот, комбанјот може да ожнее најмногу до пет хектари дневно.
„Жетвата на шипинките оди многу добро, навистина оди бавно, но треба да ги отстраниме сите гранки и за да биде чиста“, вели Ото Попиќ, комбајнер.
Лидер во производството на шипинки во светот е Чиле, но таа што се произведува во нашата клима е трипати подобра по состав и квалитет од јужноамериканската, поточно три пати поскапа. Две и пол евра за килограм. Од полињата околу Нови Кнежевац целиот род завршува во Австрија и Германија. Карољ Фекете од Нови Кнежевац оваа есен бере органски одгледани шипинки на педесетина хектари.
„Замрзната или суво, сè се извезува на странскиот пазар, каде секоја година се зголемува интересот за шипинката благодарение на нејзината многу широка примена“, вели Фекете, за РТС.
Производството на шипинки не бара многу работа и во Србија моментално се одгледува на околу 600 хектари, но се повеќе нови насади има во околината на Зајечар, Соко Бања и на југот на Србија. За почеток на производството потребни се околу две илјади евра по хектар, додека од неодамна Србија дава и државни субвенции за почеток на одгледувањето шипинка со обезбедени садници.
Извор: Телеграф.бизнис