Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа, не се очекуваат драстични промени на цената на струјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа, не се очекуваат драстични промени на цената на струјата
Агровести

До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа, не се очекуваат драстични промени на цената на струјата

Последна измена: 16/10/2024 12:02
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска потврди дека до крајот на годинава нема да се воведе дополнителен час евтина дневна тарифа на електричната енергија и истакна дека не очекува да има драстични промени на цената на струјата по 1 јануари. 

 -Ги направивме анализите и добивме интересни податоци, но и доста контрадикторни пред се поради случувањата со цените коишто беа во текот на летото. Услови за воведување на евтина тарифа според податоци за 2021, 2022 и 2023 година немало кога започнала и пенетрацијата на фотоволтаиците, но она што е јасно како тренд во првите девет месеци од оваа година е дека најниски цени на пазарот во секој час имаме во периодот од 12 до 16 часот, значи тоа се цени на берзата  ХУПЕКС под 50 евра за мегават час. Постои апсолутно можност за воведување не за еден, туку за уште еден час евтина дневна тарифа, изјави Бислимоски на паузата на состанокот на Експертска мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија чиј коорганизатор е РКЕ.

Но, посочи, за жал, на пазарот од 20 часот до 24 часот цените се убедливо високи во споредба со сите останати периоди кога имаме и евтина тарифа и скапа тарифа.

-Доколку би го следеле пазарот тогаш воведување на евтина тарифа би било од 12 до 16 часот, но ќе треба да се укине евтината тарифа што ја имаме од 22 до 24 часот кога имаме реално високи цени. Тоа е значи удар којшто го добивме заради случувањата со цените во регионот, посочи Бислимоски. 

Ние како РКЕ, потенцира  нема да се откажеме од воведувањето дополнителна евтина тарифа. 

-Ќе ги следиме случувањата, но со воведувањето дополнителна евтина тарифа не сакаме да предизвикаме дополнителни финансиски проблеми пред се во ЕСМ затоа што со таа евтина тарифа, во тие евтини периоди, ќе се зголемува потрошувачката и ќе треба да се надомести. Во изминатите 10-ина дена одржавме неколку состаноци со ЕСМ и со ЕВН Хоум и од нивна страна нема забелешки и тие се за воведување дополнителна евтина тарифа кога ќе се оствари реална можност да се имплементира дополнителна час на евтина тарифа. Заеднички заклучивме дека ќе ја следиме ситуацијата имајќи во предвид дека ќе имаме сериозни навестувања и за зголемување на цените на електрична енергија во Европа започнувајќи од јануари, рече Бислимоски. 

Како РКЕ, додаде, не сакаме да работиме популистички, туку сакаме да обезбедиме секторот за електрична енергија во наредниот период финансиски да се стабилизира, да застане на нозе, бидејќи помина низ тешка енергетска криза започнувајќи од 2021 година. 

-Факт е дека ЕСМ работи со загуби и мора да помине период за да се консолидира и не сакаме со овие одлуки сега уште повеќе да ја влошиме нивната финансиска ситуација. Така што, во оној момент кога ќе се создадат тие услови кога ќе имаме едни порелаксирани услови на пазарите на електрична енергија ќе воведеме дополнителен час или два евтина тарифа во текот на денот, посочи Бислимоски.

Смета дека негативно би било прифатено од потрошувачите доколку сега би ги укинале двата часа евтина тарифа коишто се од 22 до 24 часот заради навиките кои се воспоставени кај луѓето повеќе од 40 години.

-Не сакаме да предизвикаме никакви проблеми. Тоа што си е од 22 до 24, од 00 до 7 часот наутро и цел ден недела и понатака ќе си остане и сметам дека реално ако ние тие два часа од 22 до 24 ги ставиме во скапа тарифа граѓаните ќе имаат помалку бенефит отколку што го имаат тоа сега во моментов. Затоа до крајот на годината нема да воведеме дополнителна евтина тарифа, истакна Бислимоски.

Порача дека РКЕ веќе ги добила барањата за цената на електричната енергија по 1 јануари од Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, од МЕПСО за пренос на електрична енергија и од МЕМО за оператор за пазар на електрична енергија. 

-Најбитните елементи ќе бидат набавката на загубите на електрична енергија коишто треба да ги направат МЕПСО и Електродистрибуција, тие ќе се направат во наредниот период, така што во овој момент не сакам да шпекулирам и неблагодарно е да кажувам дали ќе се зголеми или ќе се намали цената на електрична енергија. Дополнително ЕВН Хоум треба да распише тендер за набавка на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. На тој тендер треба да видиме колку проценти ќе обезбеди ЕСМ, дали ќе се обезбедува од слободниот пазар, по која цена ќе се понуди, значи тоа се работи на пазарот. Кога ќе ги знаеме резултатите како и секогаш ќе ја информираме јавноста. Сепак, не очекувам какви било драматични шокови, потенцира Бислимоски.

Посочи дека продолжува трендот голем број од малите потрошувачи коишто беа на регулираниот пазар да излегуваат и да се враќаат назад на слободниот пазар каде што во изминатиот период цените беа пониски.

-Реално е тие потрошувачи да си одат на слободен пазар кога има подобри финансиски услови за набавка на електрична енергија и на тој начин и ние како РКЕ испративме сигнал малку по малку ЕСМ да го растоваруваме од обврски да обезбедува електрична енергија по 60 евра за мегават час, рече Бислимоски.

МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:дополнителен часевтина дневна тарифапромениструјатацената
Претходен напис УХМР: Во петок и сабота локален дожд и пониски температури
Следен напис Овој бизнис цвета во Србија: Државата дава пари за почеток, има откуп, а профитот по хектар е огромен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?