Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овцата Доли – симбол на развојот на науката, но и на етичките дебати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Овцата Доли – симбол на развојот на науката, но и на етичките дебати
Магазин

Овцата Доли – симбол на развојот на науката, но и на етичките дебати

Објавено 05/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешен ден пред 29 години постигнат е огромен напредок во науката, медицината и биотехнологијата, што предизвика исто така големи етички дебати, кои се актуелни и денес.

На 5 јули 1996 година „родена“ е овцата Доли, првиот цицач успешно клониран од возрасна клетка. Доли е создадена со помош на техника позната како трансфер на јадро на соматски клетки.

Научниците од Институтот Рослин во Единбург, предводени од Иан Вилмут и Кит Кембел, зедоа јадро од клетка на млечна жлезда од возрасна овца Фин Дорсет и го префрлија во јајце клетка на која ѝ беше отстрането сопственото јадро. Јајцеклетката потоа беше имплантирана кај сурогат мајка, што резултираше со раѓање на Доли. Овој процес докажа дека диференцираните клетки од возрасен организам можат да се репрограмираат за да се создаде комплетен организам.

Клонирањето на Доли покажа дека е можно да се создаде генетски идентичен примерок на возрасен цицач.

По Доли почнаа истражувањата во регенеративната медицина, генетските терапии, а го поттикна и развојот на технологии за матични клетки, кои имаат потенцијал за лекување на различни болести.

Овцата Доли живееше 6,5 години, а на 14 февруари 2003 година е еутаназирана поради тумор на белите дробови.

Клонирањето на Доли предизвика загриженост дали слична технологија може да се примени и на луѓето. Голем број земји воведоа закони со кои се регулира или забранува клонирањето на луѓе, додека клонирањето на животни и понатаму се истражува.  

МИА

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:наукатаОвцата Долиразвојотсимбол
Претходен напис ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
Следен напис ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?