
Во обид да влијаат на зголемување на свеста на потрошувачите за комплицираниот процес на набавка на материјали и производство на секое парче облека, сопствениците на брендот Sheep Inc., Едзард ван дер Вик и Мајкл Весели, се обиделе да го доближат целиот процес до потрошувачите, сведувајќи го на лично ниво.
Со купување на облека од нивниот бренд, во секое парче има ознака NFC таг, со чие скенирање на купувачот му се доделува сопствена овца, нејзините GPS координати, како и известувања за нови настани поврзани со овцата. Купувачот има можност да ја именува својата „посвоена“ овца, да добива известувања од типот дали неговата овца добила јагне, како и можност да гледа директни преноси од фармата, пренесува wwd.com.
Заедничкиот став на двајца пријатели дека модниот свет прави големи пропусти во вид на одржливост и негативни влијанија врз планетата, создава бренд кој поставува нов одржлив пример за целата индустрија.
Во обид да биде целосно транспарентен, Sheep Inc. сака неговите клиенти да бидат свесни за тоа од каде доаѓаат суровините, информации за нивните производители, а тоа започнува со информации уште од фармата.
Покрај тоа што е бренд на облека со негативна емисија на јаглерод, Sheep Inc. има за цел да создаде квалитетни парчиња кои ќе им овозможат на клиентите да ги носат долги години.
Напишете коментар