Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски
Агровести

Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски

Објавено 05/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отворено писмо од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски до претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието на Република Северна Македонија, Љупчо Димовски. 

Почитуван претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство,

г. Љупчо Димовски, 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како партнер на земјоделците и работејќи во интерес на земјоделството, Ви се обраќам потенцирајќи ја потребата од донесување на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка со арх. бр. 08-1275/1 од 19.02.2024 година, предложен од група пратеници.

Изменувањето и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја, односно за надминување на правниот вакум што се создава во случаевите на продолжување на важењето на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост поради истек на времетрењето на договорот. Потребата за уредување на оваа правна празнина е нагласена бидејќи во пракса за оваа група на граѓани реално постојат законски пречки, кои директно зависат од други одредби, предмет на други закони, кои директно влијаат во оневозможувањето за остварувањето на нивните права загарантирани со овој закон.  Имено, согласно Изборниот законик, со денот на донесување на одлуката за распишување на избори земјоделците се соочуваат со проблем при продолжување на договорите за закуп, што негативно се одразува на земјоделското производство, но и на остварувањето на правата на финасиска поддршка од Програмата за финасиска поддршка во земјоделството.

Имајќи предвид дека Собранието на Република Северна Македонија на својата Сто четириесет и петата седница, одржана на 28 февруари 2024 година одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието, повикуваме Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство како матично работно тело да закаже седница на која што ќе се расправа по предлогот на законот.

Со ова писмо Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство повторно апелира и ја потенцира неопходноста на проактивно учество на законодавната власт во овој процес, имајќи го предвид интересот на државата за земјоделството како еден од клучните сектори, неговото мултидимензионално значење и обезбедување на одржливост на руралните средини, а во насока на креирање и носење на сеопфатни, одржливи и долгорочни политики од областа на земјоделството, шумарството и водостопанство.

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водостопанствоземјоделствоКомисијатаЉупчо ДимовскиЉупчо НиколовскиОтворено писмошумарство
Претходен напис До крајот на неделава променливо време со повремен дожд
Следен напис Николовски: Сите програми на МЗШВ се донесени согласно закон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?