Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Сите програми на МЗШВ се донесени согласно закон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Сите програми на МЗШВ се донесени согласно закон
Агровести

Николовски: Сите програми на МЗШВ се донесени согласно закон

Објавено 05/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите програми се донесени согласно закон, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешните обвинувања од дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски дека Николовски поделил 2,5 милиони евра надвор од програмите на Платежната агенција.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека при распределбата на средствата немало никаква селективност. 

– Нашата цел беше сите да добијат. Нашата цел беше да нема поделби, туку да обезбедиме повеќе средства за сите. Не разбирам како некој што претендира да биде министер се бори за помал земјоделски буџет, наместо да се бори за повеќе средства кои што доаѓаат токму во ресорот земјоделие, рече Николовски.

Министерот посочи дека секој сомнеж може да биде пријавен во која било институција и да се направи целосно испитување.

Во однос на обвинувањата на Трипуновски дека распределбата на средствата се врши надвор од процедурите, тој посочи дека Законот за извршување на буџет ги дефинира програмите кои ги има донесено Владата.

– Владата има донесено програма во која што ги дефинира постапката и процедурите и сите процедури во однос на спроведувањето се испочитувани. Во ниту еден дел нема никакво изостанување на која било процедура, рече тој.

Како што појасни, од 60 апликации на првиот повик минатата година, 59 биле успешни и биле обезбедени средства за сите. 

Во врска со прашањето за серијалот написи на „360 степени“ за кесички за орална употреба со висока концентрација никотин, Николовски одговори дека Министерството за здравство е задолжено да ги направи сите анализи за безбедноста и сигурноста на сите овие никотински кесички и дека е формирана работна група на Министерството за здравство, МЗШВ, Царина и останатите институции кои што треба да ја информираат Владата дали треба да се промени Законот за тутун или како треба да се регулира ова прашање.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:донесенизаконмзшвНиколовскипрограми
Претходен напис Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски
Следен напис Променливо облачно, попладне повремен локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?