Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворен повик за обука на жени претприемачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отворен повик за обука на жени претприемачи
АгровестиЈавни огласи и повици

Отворен повик за обука на жени претприемачи

Објавено 06/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на проектот „WECAN“, што се спроведува од страна на Центар за управување со знаење, заедно со пет партнери од други европска земји, во месец мај и јуни 2021 предвидена е обука наменета за секоја возрасна жена која е подготвена да создаде вредност, да започне нов бизнис или да ги зголеми нејзините шанси и да ги надгради своите опции за кариера преку клучните претприемачки вештини.

Обуката е дел од националната пилот програма на проектот и истата ќе биде без надомест. Предвидено е истата да се спроведе од 17-ти мај до 10-ти јуни и ќе се одвива на онлајн платформата ZOOM.

– Имајќи го тоа на ум, доколку вие сте жена која сака да биде дел од едно поинакво спознавање и надградување на сопствените претприемачки вештини или доколку познавате некоја која може да биде заинтересирана, може да се пријавите така што ќе го доставите вашето CV и краток опис на вашиот сегашен бизнис или претприемачката идеја која сакате да ја спроведете, на следната е-маил адреса [email protected], соопштија од Центарот за управување со знаењето.

Главна цел на овој проект е да ги поттикне позитивните перцепции на жените за нивните вештини преку процес на обука така што ќе научат што всушност е потребно за да се биде претприемач.

Како дел од активностите на проектот беше организирана обука која се состоеше од пет „WECAN“ сесии на кои жените претприемачи учествуваа со цел да го поттикнат својот професионален раст во нивниот деловен живот.

– Преку WECAN обуката, која траеше од 7-ми до 20-ти април, обучуваните жени беа во можност целосно да ги подобрат своите компетенции за да научат како да го одржуваат континуитетот на својот бизнис, поумешно да управуваат со ризиците, да знаат како да комуницираат и преговараат, да пишуваат деловни планови, подобро да се запознаат со дигитален маркетинг и да ги стекнат потребните лидерски вештини. Сесиите за обука на овој проект вклучија различни интерактивни предизвици како поткрепа за излез од комфор зоната соочувајќи ги со активности за кршење на мразот и приспособувајќи ги на социјализација од поинаков аспект преку новиот онлајн свет, додадоа од Центарот.

Дел од реализацијата на оваа прилагодена тренерска програма вклучува искуства преку учење како што се работилници, семинари, деловни разговори и групни дискусии, креативно размислување, но исто така и забавни и интерактивни игри, а покрај сите нив постои и платформа за учење преку Интернет (достапно на веб-страницата од WECAN).

– По евалуацијата на сите дневни активности и воопшто на целата програма, сите партиципанти добија сертификат за присуство, стекнаа незаборавно искуство и се поврзаа со нови луѓе одржувајќи контакт на интернационални релации. Знаењето со кое учесниците се збогатија преку оваа обука највеќе се должи на неконвенционалниот пристап на учење и растење како резултат на креативноста и потребата од споделување и заедничко креирање која се одвиваше на мултикултурно и меѓународно ниво, наведоа од Центарот.

Извор: Либертас

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:жени претприемачиобука
Претходен напис Шајноски: Преку повеќе типови на зелена карта до нејзино поевтинување
Следен напис Сугарески во посета на царинската испостава Велес: Наплатата на давачки при увоз е зголемена од 30 милиони на 130 милиони денари во просек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?