Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворен натпреварот „Зелени идеи 2021“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отворен натпреварот „Зелени идеи 2021“
Агровести

Отворен натпреварот „Зелени идеи 2021“

Објавено 07/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АРНО ги повика граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис до 12 мај да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи 2021“.

Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб-страницата https://zeleniidei.mk/.

Оваа година АРНО ќе додели 1.000 долари за бизнис концептот и по 2.000 долари за бизнис идеите кои ќе бидат избрани во финалето како три македонски победнички идеи. Дополнителна поддршка ќе доделат и партнерите: Фонд за иновации и технолошки развој, МКА2000 и Македонија 2025.

Во тек е пријава за работилници за апликанти кои сакаат да добијат поддршка и менторство за пополнување на формуларите и повик за бесплатен промотивен материјал за сите кои сакаат да добијат еко-картичка од која никнува цвеќето пркос.

– Немаме што да кажеме многу паметно во пандемија во која се губат работни места, човечки животи. Ние само може гласно да си потврдиме дека иднината на економијата ја гледаме во социјалното и зеленото претприемништво, во бизнис моделите во кои јасно се гледа грижа за луѓето и искрен однос кон животната средина. Нашите граѓани имаат капацитет да бидат и искрени и иновативни, тоа го гледаме преку освојување на регионалните награди секоја година. Ние сакаме во периодов што е тежок и неизвесен да им понудиме на граѓаните предизвик да размислуваат за зелени бизниси, а сакаме и да понудиме и поддршка на домашната зелена економија, вели Ирина Јаневска од АРНО.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10 000 или 5 000 долари за реализација на идејата во својата земја.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АРНОзелени идеи
Претходен напис ММФ: Растот на глобалната економија зависи од имунизацијата против ковид-19
Следен напис Што е NPK ѓубриво и како се користи во градинарството?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?