Загадувањето на природата е огромен светски проблем, а се поголема важност му се посветува на еколошката свест. Имено во светот дневно се продаваоколу 1,3 милијарди пластични шишиња што е само дел од пластиката која се фрла во околината.
На пазарот доминира пластиката на база на нафта бидејќи е издржлива, лесна и секако ефтина. Поголемиот дел од неа тешко се рециклира или пак таквите постапки се скапи и секако еколошки неприфатливи. Поради тоа се напаравени низа иновации за производство на пластика од суровини врз база на растителни и обновливи извори. Иако биопластиката има иста молекуларна структура како онаа направена врз база на нафта , неа и треба значително помалку време за разградување отколку на пластиката направена од нафта.
Искористување на отпадот од преработка на маслинки
Земјите што произведуваат маслиново масло имаат многу отпаден материјал што може да се користи за биопластика. Турската компанија Biolive започна со производство на биопластични гранули од семеки од маслинки од кои може да се направат предмети што делумно ќе се распаѓаат во рок од една година. Активната состојка олеуропеин што се наоѓа во семките на маслинките е антиоксиданс што го забрзува компостирањето на материјалот.
Бидејќи нивните гранули се однесуваат исто како и конвенционалните, тие можат лесно да се заменат во процесите на производство на индустриски производи и пакување храна. Оваа компанија вели дека употребата на отпадот по обработката на маслиновото масло ги намали трошоците за правење биопластика за 90% во споредба со слични експерименти со други материјали. „Ова е важно затоа што биопластиката заснована на скроб е поскапа од традиционалната и затоа не претставува решение“, рече основачот на Biolive, Дујугу Јилмаз.
Сончоглед за правење пластика која може да се користи за компост?
Исто како и кај маслинките, остатоците од семките од сончоглед остануваат како отпад по производството на зејтин и можеат да се користат. Германската фирма Golden Compound создаде уникатна маса од остатоците од семеките на сончогледот. Оваа единствена маса ја нарекоа S²PC, и за неа тврдат дека е 100% биоразградлива и се користи во производството на многу артикли. Произведуваат и т.н. „зелена“ биопластика која покрај тоа што е целосно разградлива, не содржи ГМО и може да се компостира во домашни компостери.
Растителниите шеќери ги претвораат во плстика
Бидејќи на ПЕТ амбалажата и требаат стотици години за да се рециклира, амстердамската компанија Авантиум создаде револуционерна технологија „YXY“ која ги претвора растителните шеќери во биоразградлива пластика, која се користи за материјали за пакување наречена полиетилен фураноат или ПЕФ. Истражувањата покажуваат ветувачки резултати. „ПЕФ се разлага многу побрзо од ПЕТ во индустриски услови за компостирање“, изјави Каролин ван Рид Дортланд од оваа компанија.
Тој додава уште дека за распаѓање на ПЕФ се потребни 250 до 400 дена, за разлика од пакувањето на ПЕТ амбалажата, за што е потребно 300 до 500 години. Може да се користи во производство на текстил, има потенцијал како амбалажа за сокови, вода или алкохолни пијалоци, па дури и работи со производителите на пиво за да го направи првото целосно биоразградливо шише. Станува збор за Карлсберг кој се надева дека наскоро ќе ги продаде своите производи во картонскo шише чијашто внатрешност е обвиткана со слој од пластика.

Извршниот директор на „Avantium“, Том ван Акен, вели дека се надева дека ќе направи голема инвестиција во водечката светска фабрика за биопластика во Холандија до крајот на годинава и открива на „Гардијан“ дека има поддршка од Кока-Кола и Данон.
Во овој контекст, треба да се споменат и материјалите добиени од габи, тие се биоразградливи и не создаваат токсични нуспроизводи. Брендот што одлучи да ја користи оваа суровина во органското производство е Реиши, кој реши да ги замени кожata и кожните производи со мицелиум создаден од ткаење на микроструктураta на габите. Мицелиумот Reishi ја имитира структурата на колагенот на кожата на животните и е одржлив за разновидна употреба.
Овој материјал ќе се користи за изработка на низа луксузни брендови на облека и обувки, а на крајот на 2019 година се собрани 18 милиони евра за да се помогне испорачувањето на овие материјали на пазарот. Целта и значењето на овој вид е вештачката кожа која настана со неодржливата употреба на пластиката, да се замени веганска.
Извор :Агроклуб
