Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупувачите на ориз ја намалија цената за шест денари, исто колку што изнесува државната субвенција за производителите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупувачите на ориз ја намалија цената за шест денари, исто колку што изнесува државната субвенција за производителите
Агровести

Откупувачите на ориз ја намалија цената за шест денари, исто колку што изнесува државната субвенција за производителите

Објавено 24/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупувачите на оризова арпа да покажат солидарност и родот од овогодинешната реколта да го откупуваат по разумна цена, алармираат оризопроизводителите од кочанскиот регион. Тврдат дека откупувачите ја злоупотребија новата владина мерка со која се предвидуват дополнителни  6денари за килограм арпа.

„Кога бевме во Министерството за земоделство, начално направивме договор, откупната цена да не е под производната односно 27 денари. Меѓутоа трговците, како и секоја година, тие 6денари што ги даде Министерството за земјоделство, за толку ја симнаа цената„ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.

„Јас епелирам до сите откупувачи, да бидат малку солидарни и  барем 1 до 2 да ја покачат откупната цена . Тогаш земјоделците ќе бидат задоволни . Со оваа динамика, очекувам 50% од овогодинешната реколта да остане. И благодарам на државата, вакви субвенции досега не сме имале. 6денари по 600кг, тоа се 3600 и редовните, со нив излегува околу 9денари по килограм„ изјави оризопроизводителот, Здравко Арсовски.

Годинава е произведено  околу 24 илјади тони оризова арпа и според калкулациите на земјоделците се  претпоставува дека е откупено само 40% .. Поситните семиња се откупуваат по цена од 21 и 22 денари, додека за поедрите цената е малку повисока.

„Откупот е многу мал , дури може да се каже дека и нема откуп. Се уште калкулират со цените…. јас сметам дека барем треба да се држат до производната цена , 27денари за оризова арпа„ изјави Стојче Ташовски, од Националната мрежа на земјоделци.

Кон средината на февруари се очекува да започне откупот на ориз  за стокови резерви, а за да се ублажи кризата  минатата недела се донесе   нова мерка,  со која се предвидуваат субвенции од 6денари по килограм откупена арпа. Истата ќе биде со важност од 1ви ноември до 31 март 2025.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:арпамзшворизоткупцена
Претходен напис Трипуновски: Промените на системот за поддршка се почнати, ќе се менува и регулативата
Следен напис Почна генералниот штрајк во повеќе градови низ Србија, блокиран патот Нови Сад – Белград
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?