Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупот за стоковните резерви ја зголеми цената на пченицата на 13 денари за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупот за стоковните резерви ја зголеми цената на пченицата на 13 денари за килограм
Агровести

Откупот за стоковните резерви ја зголеми цената на пченицата на 13 денари за килограм

Објавено 26/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на пченицата за стоковните резерви предизвика зголемување на цената на лебното зрно за еден денар. Потпреседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека одредени млинови почнале да ја откупуваат пченицата по 13 денари, колку што изнесува и цената за откуп за стоковните резерви.

-Претходно пченицата беше по 12 денари. Но, таа цена беше за прва класа. Оваа година, бидејќи беше многу сушна, мислиме дека пченицата повеќе се користи и за исхрана на стоката. Во доволни количини нема пченка, нема и тоа во Македонија, Србија и во сите околни држави. Заради сушата многу е намалено производството на пченката и за таа сметка ќе биде дополнета со пченицата, изјави Сарафимов.

Според него, прв пат се откупува пченица за стоковните резерви од индивидуалните земјоделци кои можат да предадат од 5 до 30 тони лебно зрно за стоковните резерви. Сарафимов очекува наредната година откупот на пченицата да биде порано, како што им ветиле од ресорното Министерство. Смета дека со ова ќе бидат и подобри цените за откуп на житните култури.

-Првпат се откупува пченица за стоковните резерви, порано можеше да биде и од друга држава. Првпат се откупува директно од индивидуалните производители, а истото ќе биде и со откупот на оризовата арпа за стоковните резерви, ќе се откупа за првпат, вели Сарафимов.

Според евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство годинава под пченица била засеани 70 000 хектари, а проценките се дека се произведени 280 000 до 300.000 тони пченица со што ќе се задоволат домашните потреби. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:гоце серафимовоткуппченица
Претходен напис ЦУК: Пожарите кај Јасен, Кожуф и Долгаец се ставени под контрола
Следен напис Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?