Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ информира дека заклучно со 6 октомври, вкупната количина на откупот на грозје изнесува 93, 7 милиони килограми.
– Сега веќе заклучно со 6 октомври, вкупната количина на откупот, сопствена берба и извоз на винско грозје изнесува 93, 7 милиони килограми грозје. Просечна цена за вранецот е 11,8 ден, а за смедеревката 10,2 денари за килограм грозје – изјави за Агротим, Шапуриќ и додаде дека инспекторите на ДИЗ, во овие 45 дена додека траеше откупот беа постојано на терен во поддршка на лозарите.
