Пред почетокот на бербата на пролетната зелка, на терен меѓу граѓаните, ја согледуваме моменталната состојба со производни количини, очекуван откуп, откупни цени и пласман. Будно ги следиме состојбите, Владата е во секој момент тука да интервенира преку бројни мерки, програми и нови механизми.
Светската криза бара максимална мобилизираност од сите чинители во земјоделскиот сектор, веќе се прават анализи каде може да се обезбеди извозот како алтернатва за оние количини што се извезуваа во Русија и Украина.
Секојдневно контактираме и со дипломатските претставништва, со цел да се најдат алтернативни пазари, за подобар пласман на македонските земјоделско прехранбени производи.![]()
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

