Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу 4 милиони денари ќе им се исплатат на струмичките земјоделци за штетите од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу 4 милиони денари ќе им се исплатат на струмичките земјоделци за штетите од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година
Агровести

Околу 4 милиони денари ќе им се исплатат на струмичките земјоделци за штетите од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година

Објавено 16/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 450 земјоделци во Струмица ќе добијат обештетување за штетите предизвикани врз земјоделските посеви од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамки на денешната посета на Струмица. Министерот Николовски посочи дека Владата донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година во 35 општини, вклучително и во Струмица. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Вкупно во 35 –те општини ќе бидат обештетни над 9.100 земјоделци. За Струмица по овој основ ќе се исплатат околу 4 милиони денари.

„Ова беа постапки коишто беа заглавени низ административните лавиринти и законските процедури. Ние ги направивме сите напори да го одблокираме целиот процес, земјоделците да бидат обештетени и врз основа на многу анализи, проценки и врз основа на елаборатите од општините, Владата донесе одлука обештетувањето да биде 10% од проценетата штета. Меѓу овие општини е и елаборатот поднесен од општина Струмица. Во Струмица ќе бидат исплатени околу 450 баратели коишто имаат претпрено штети врз земјоделското производство од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, за што вкупно ќе се исплатат околу 4 милиони денари. Ова е дополнителна поддршка, со којашто решаваме уште еден проблем и на секој можен начин гледаме што повеќе средства од буџетот да стигнат до граѓаните“, изјави министерот Николовски.

Дополнително, министерот Николовски посочи дека Владата донесе одлука и за исплата на обештетување за штетите од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување и за овие 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 субјекти. Односно, вкупно за овие пет општини ќе се исплатат 41,2 милиони денари.

Согласно двете одлуки за штетите врз земјоделството од елементарните непогоди во 2016, 2017, 2018 и 2021 година ќе се исплатат 4,5 милиони евра.

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:оштета
Претходен напис Николовски: Најважно за одржливост на преработувачката индустрија е развојот на договорното производство и окрупнувањето на земјоделските парцели
Следен напис Откупот и пласманот на пролетната зелка под будно око на институциите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?