Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава
Агровести

Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава

Објавено 30/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација од осум австриски компании заинтересирани за соработка со градежни компании што работат во областа на инфраструктурата и со институции кои распишуваат тендери во истата област денеска се присутни на бизнис форум во Стопанската комора.

-Денеска имаме микс на македонски институции и компании кои ќе стапат во разговор со австриските компании. Се надеваме дека од тоа ќе произлезат деловни зделки и дека понатаму ќе развијат одлична соработка. Нашата идеја е што почесто да се организираат вакви форуми со цел да се отвори патот нашите македонски компании и институции да развиваат одредена соработка со европските земји, изјави Јадранка Аризанковска, менаџер во Стопанската комора, пред почетокот на бизнис форумот.

Како што нагласи, самиот факт што денеска во Скопје има голем број австриски компании покажува дека постои голем интерес за соработка.

-Голем интерес за соработка има и од македонските компании, а идејата на Стопанската комора е да ги отвори патиштата за да можат полесно и подобро да соработуваат во случајов со компаниите од Австрија, рече Аризанковска.

Генералниот директор на „Македонски железници – инфраструктура“ Хари Локвенец рече дека австриските компании преку Австриската стопанска комора ги препознаа инфраструктурата и инфраструктурните проекти во делот на железницата како најголем потенцијал што во овој момент го имаме во нашата држава.

-Во новиот буџет на Европската Унија огромен процент од средствата за инфраструктура е наменет за железницата. Со самиот факт што 2021 ја прогласи за година на железниците, Европа ја покажа важноста на железниците и потребата од инвестирање во овој тип на инфраструктура. Сметам дека ваквиот тип на состаноци ќе ни помогне нам, како на држава и како на претпријатие кое се занимава со железничка инфраструктура, за полесно, побрзо и поголемо обезбедување на поголем дел од овие европски фондови и средства наменети за железничка инфраструктура, изјави Локвенец.

Средбите како денешната, додаде, се вистински пример што овозможува не само подобра соработка, туку и поголема поддршка за обезбедување на средства за градба на инфраструктурните проекти преку комуникациите кои се реализираат.

Раководителот на Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Белград, Ерика Теоман Бренер посочи дека осумте австриски компании што се присутни на денешниот бизнис форум во Скопје нудат иновативни услуги и продукти за транспортната инфраструктура и за секторот за логистика.

-Се надевам дека денешниот состанок ќе придонесе за понатамошна соработка меѓу двете земји. Компаниите што се денеска тука во Скопје бараат партнерства со локалните компании за да ги имплементираат проектите. Сигурна сум дека состаноков ќе им помогне да ги идентификуваат и пронајдат можните бизнис партнери за нив, изјави Теоман Бренер.

Австрија е наш 18-ти трговски партнер, но како инвеститори австриските фирми се на второто место. Нивните инвестиции се претежно во областа на градежништвото, финансиите, банкарството, телекомуникациите и енергетскиот сектор.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:патиштастопанска комора
Претходен напис Војната во Украина ја потресе светската сточарска индустрија – се стравува од затворање на фарми
Следен напис НВО: Oстатоци од пестициди во две третини од неорганските зеленчук и овошје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?