Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НВО: Oстатоци од пестициди во две третини од неорганските зеленчук и овошје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НВО: Oстатоци од пестициди во две третини од неорганските зеленчук и овошје
Агровести

НВО: Oстатоци од пестициди во две третини од неорганските зеленчук и овошје

Објавено 30/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Невладината организација „Идни генерации“, која редовно го испитува присуството на пестициди во овошјето и зеленчукот наменети за консумирање, изразува жалење за постоењето на вакви остатоци во речиси две третини од неорганското овошје, зеленчук и житарици, јави дописникот на МИА.

Невладината организација, која го заснова својот извештај на податоците обезбедени од Генералниот директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и спречување измами (ДГЦЦРФ), го поздрави напорот направен од институцијата за да се „придвижи напред во транспарентноста“, обезбедувајќи резултати за 2020 година на примероци за кои сега јасно се прави разлика помеѓу органските растенија и оние „од земјоделството користејќи синтетичка хемија“. ДГЦЦРФ, исто така, објавува резултати не само за остатоци над „граничната квантификација“, односно за кои лабораториите можат да ја дадат концентрацијата, туку и оние над „границата за откривање, но не и квантифицирана“. „Ова сега овозможува поцелосно да се види присуството на остатоци од пестициди во храната од растително потекло, што досега беше потценувано“, велат од Идни генерации.

Така, според анализата на невладината организација, која се базира на податоците на ДГЦЦРФ, 45,9 отсто од сите примероци, органски и неоргански, откриваат остатоци од пестициди над границата за квантификација. „Државата вообичаено претходно комуницираше за оваа единствена бројка“, подвлекува здружението. Портпаролот на здружението Франсоа Вејлер беше изненаден за време на брифингот со новинарите дека две години „нема владина комуникација за овие бројки од ДГЦЦРФ“.

Процентот се зголемува на 54,5 отсто кога се земаат предвид само неорганските производи каде што се откриени остатоци над границата за квантификација и на 63,1 отсто за остатоци во неоргански производи над границата за откривање. Новиот работен метод на ДГЦЦРФ во моментов не дозволува овие бројки да се споредуваат со текот на времето.

„Извештајот не се однесува на проценка на ризикот“, рече Франсоа Вејлер, тоа е сложен процес кој бара познавање на изложеноста на потрошувачите. Но, „луѓето сакаат да јадат храна што не содржи опасни хемикалии“, додава тој. Последица на ова истражување: НВО Идни генерации повикува на „итен план за намалување на употребата на пестициди“ и „зголемена поддршка за органското земјоделство“.

Невладината организација изразува жалење поради усвојувањето на одложувањето од страна на Европската комисија на објавувањето на новата регулатива „за одржлива употреба на пестициди“, под „притисок“, според неа, „од земјоделските синдикати како францускиот ФНСА и позицијата на државите како Франција“.

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зеленчуковошје
Претходен напис Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава
Следен напис Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?