Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: TИРЗ Тетово: Остварена средба со менаџментот на компанијата Cavo Otomotiv, плановите за инвестиција во напредна фаза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > TИРЗ Тетово: Остварена средба со менаџментот на компанијата Cavo Otomotiv, плановите за инвестиција во напредна фаза
Агровести

TИРЗ Тетово: Остварена средба со менаџментот на компанијата Cavo Otomotiv, плановите за инвестиција во напредна фаза

Објавено 10/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во рамките на ТИРЗ Тетово. На средбата се разговараше за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, потенцијалите кои ги нудат зоните, како и условите и поддршката што државата ги обезбедува за инвеститорите.

Директорот Димовски посочи дека ваквите инвестициски проекти се од особено значење за целата национална економија, земајќи предвид дека истите придонесуваат за економскиот раст, зголемување на извозот и отворање нови работни места. Тој истакна дека државата преку ТИР зоните обезбедува стабилна и предвидлива бизнис клима, како и целосна институционална поддршка за успешна реализација на инвестициите.

✔Од страна на компанијата Cavo Otomotiv беше изразено задоволство од досегашната комуникација и соработката со институциите, како и интерес за навремена реализација на инвестицијата. Главниот менаџер Кемал Аманоел истакна дека компанијата ја препознава Македонија како стабилна и конкурентна дестинација за долгорочни инвестиции, со квалификувана работна сила и поволна геостратешка позиција.

📊По започнување на иницијалните разговори за потенцијална инвестиција во март минатата година, проектот за оваа инвестиција е во напредна фаза, при што интензивно се работи на финализирање на сите предуслови за негова реализација. Инаку, мултинационалната корпорација Cavo Otomotiv работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:вработенитетовоТИРЗ
Претходен напис Делегација од Република Узбекистан во посета на живинарската фарма „Везешари“
Следен напис Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?