Што се е потребно за да се подигне еден овоштарник прочитајте во продолжение.
АНАЛИЗА НА ПОЧВА
-за да се утврди агрохемискиот состав на почвата
УРЕДУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА НА ЗЕМЈИШТЕТО
-Со оваа операција се создаваат услови за подобар прием, раст, развој и плодоносење на овошките.

КРЧЕЊЕ НА ПРЕТХОДНИТЕ ПОВЕЌЕГОДИШНИ КУЛТУРИ
Крчење мора да се направи доколку претходна култура била стар овоштарник, шума, лозов насад. Ова се врши со багер, ротациски копачки. После вадењето треба да се соберат сите делови од крчените растенија, а особено жилите и гранките, бидејќи многу габи и бактерии кои останале од претходните растенија може да предизвикуваат трулеж на коренот или рак на корен на новиот насад.
Најдобра предкултура за нов насад се окопни култури и култури за зелено ѓубрење.
НИВЕЛИРАЊЕ (РАМНЕЊЕ) НА ТЕРЕНОТ
После крчењето, земјиштето е нерамно и мора да се направи нивелирање за да се има правилно садење и извршување на сите агротехнички операции.
ОДВОДНУВАЊЕ И НАВОДНУВАЊЕ
Одводнување или дренажа се врши на терени каде што површинската вода поради непропустливост и конфигурација на теренот слабо истекува и се задржува долго време. Ова се врши со каналска дренажа, одводни канали.
Наводнување е потребно во региони во кои во текот на вегетацијата, а посебно во јули и август ако се појави суша. На поголеми површини се прави проект за наводнување:
-начин на залевање
-извори и потребна количина на вода
-квалитет на водата за залевање
-длабочина на која ќе се поставува системот и нивен распоред.

СУЗБИВАЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИТЕ ПЛЕВЕЛИ И ПАРАЗИТИ
Најштетни плевели во овоштарниците се дивиот сирак (Sorgum halepense), пиревина (Agropyrum repens), зубача (Cynodon dactylon) и оструга дива капина (Rubus caesius).
Овие плевели се сузбиваат со редовна обработка и хербициди. Долгогодишните плевели се уништуваат со хербициди (тотални), на база на Глифосат се врши во интензивен раст кога ќе достигнат висина од 20-40 см, но треба да се внимава да не дојде во допир со овошниот насад (лист, зелена кора).
МЕЛИОРАТИВНО ЃУБРЕЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
За да биде добро за овоштарник, земјиштето потребно е да содржи 3% хумус, 5-7мг P2O5 , и 20-25 mg K2O на 100 грама сува земја од 40 см длабочина на земјата.
Риголовање на земјиштето
Риголовање на земјиштето претставува основна и најважна агромерка кај овошните насади и се врши во јули и септември на длабочина до 70 см.
Растојание помеѓу овошните садници и број на садници по хектар
Растојанието помеѓу овошните садници треба да овозможи рамномерен развој на круната да биде доволно осветлена и да може овошките да имаат оптимален простор за хранење
Сооднос на опрашувачки сорти со носечката сорта
За добар принос многу е важен опрашувачот. Во овоштарникот мора да бидат застапени барем 3 сорти кои меѓусебно ќе се опрашуваат. Сортите кои се предвидени за опрашувачи мора да имаат исто време на цветање со главната сорта, приближно исто време на созревање на плодовите, приближен почеток на плодоносење и ист или сличен век на живеење. Главната сорта е застапена 60%
Распоред на сортите опрашувачи
При проектирање на овоштарникот кога ќе се одреди главната сорта и опрашувачите треба да се направи распред на садење Опрашувачите треба да бидат од надворешната страна и во средина
Обележување на местата за садење садници
Идеален правец на редовите е север-југ. Ова овозможува најдобро и рамномерно осветлување на овошките. На ветровити терени пожелно е правецот на редовите да одговара со правецот на дување на доминантниот ветар во периодот на вегетацијата.
Размерувањето и обележување на садното место се врши со маркери или со геометар.
Крајните редови треба од меѓата да бидат оддалечени барем половина од меѓуредовото растојание за да може без пречки да се вршат сите агротехнички операции.
Набавка на саден материјал
Садниот материјал треба да биде здрав, сертифициран и со подлога соодветна на земјиштето каде што ќе се сади.
Чување на садниците од набавка до садење
Ако садниците од некоја причина не се посадат истиот ден, треба да се заштитат за да не дојде до исушување, измрзнување, глодари… Ако садниците се подолго време транспортирани во тој случај пред садење коренот треба да се потопи во чиста вода и да стојат 12-24 часа за да се освежат.
Подготовка на садниците за садење
Подготовката е во контрола на садниот материјал пред самото садење, отстранување на оштетени жили, до здрав дел и други здравствени оштетувања.
Време на садење
-Од ноември па се до појава на првите рани мразови.
Ставање на ѓубре при садење на секоја садница посебно
За нормален живот на садниците потребни се 16 биогени елементи:
-Биогени микроелементи- C,O,H,N,P,S,K,Ca,Mg – ги троши во поголеми количини
-Биогени макроелементи-Fe,B,Zn,Mn,Mo,Cu,Co – ги троши во мали количини
Табела-оптимална концентрација во лист на овошката:

Азот (N) е од суштинско значење да учествува во изградбата на машките и женските полови органи. Учествува во процесот на оплодување и обезбедува поголема плодност на овошните дрвја.
Фосфор (P) младите растенија во почеток на растење имаат најголема потреба од фосфор, делува на побрзо созревање на овошката, со што се скратува вегетациоскиот период и се зголемува отпорноста на замрзнување и неговата доволна количина овозможува развој на добар корен и силни стебла.
Калиумот (K) неговиот недостаток спречува стоздавање на хлорофилот, се намалува фотосинтезата и делува негативно на метаболизмот на растенијата.
Кај младите овошни насади погодно е комплексно ѓубриво 8:4:20 (NPK) во тек на зимско мирување, а дополнително ѓубриво на азот во втората половина на зимата или рано напролет и наесен.
Залевање со 5 до 10 литри вода веднаш по садењето.
Резидба на младите садници
Резидба на посадените садници на 70-80 см и прекривање на резот со калемарски восок (февруари –март).