Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осмислен систем за предупредување за уморните возачи на земјоделска механизација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Осмислен систем за предупредување за уморните возачи на земјоделска механизација
Механизација

Осмислен систем за предупредување за уморните возачи на земјоделска механизација

Објавено 11/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделската работа на полињата може да биде напорна и одзема многу време, што е особено изразено во сезоната на жетва. Тогаш возачите на комбајни, берачи и друга земјоделска механизација се изложени на целодневна, па и ноќна работа. Особено е стресен период кога временските прогнози најавуваат дожд и кога се прават обиди да се заврши со работата пред врнежите.

Уморните и изнемоштени возачи можат да заспијат додека управуваат со механизацијата, а само секунда е доволна за да предизвикаат сообраќајна несреќа и материјална штета.

Системи за предупредување на поспаност или помош за зголемување на вниманието веќе постојат во камионите и автомобилите. Руската компанија „Ростселмаш“ ги приспособила на земјоделската механизација и на возачите кои извршуваат сложени работи на управување со различни операции.

Фото/Facebook

Компанијата развила и надградила посебен модел RSM Ok ID, еден вид асистент кој може да ја следи состојбата на возачите на земјоделските машини и да ја запре нивната работа или работата на другите компоненти.

Агритехника иновацијата RSM Ok ID ја наградила со сребрен медал. Системот континуирано ја следи состојбата на возачот на земјоделската машина. Доколку открие знаци на поспаност или други промени, го алармира со звучен сигнал и ги испраќа податоците до Agrotonicа, која автоматски врши запирање преку системот ISOBUS.

Камерата сместена во кабината ги надгледува зениците, трепкањето, положбата на главата, а се детектираат и отчукувањата на срцето. Системот препознава типични знаци на поспаност како што се често трепкање, затворање на очите подолго од три секунди, зевање, триење на очите, спуштање на главата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
Таг:кабинакамерамеханизацијасигнал
Претходен напис Delkomerc.mk: КУПУВАЈТЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ тракторски резервни делови и делови за приклучна механизација
Следен напис Конзервација и заштита на тракторите за зима
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?