Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оштетени 30 хектари земјоделско земјиште, изгорена механизација и штала во пожарот во пограничниот регион на Гевгелија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оштетени 30 хектари земјоделско земјиште, изгорена механизација и штала во пожарот во пограничниот регион на Гевгелија
Агровести

Оштетени 30 хектари земјоделско земјиште, изгорена механизација и штала во пожарот во пограничниот регион на Гевгелија

Објавено 23/07/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарот во гевгелискиот пограничен регион во близина на пречистителната станица, во чие гасење вчера координирано учествуваа екипи од ТППЕ Гевгелија и противпожарната бригада на општина Пеонија нанесе материјални штети на земјоделските посеви во пограничниот регион.

Покрај пожарникарите од Гевгелија и Поликастро, во гаснењето на огнот учествуваа и сопственици на земјоделските посеви како и вработени во ЈПКД „Комуналец” од Гевгелија, со чија помош беше спречено понатамошно проширување на огнот и негово доближување до грчките села.

Претставници на ТППЕ- Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување, надлежните инспекциски служби и претставници од ПС-Гевгелија извршија увид на местото констатирајќи дека пожарот предизвикал штета на површина од 30 хектари, од кои 15 хектари обработлива земја жито. Констатирани се материјални штети, како изгорена механизација, цела штала со 7 животни и викендичка. Во пожарот настрадало и едно куче.

-Пожарот предизвика штета на земјоделска површина од 30 хектари, од кои 15 хектари биле посеани со житни култури. Изгоре земјоделска механизација, една штала со седум животни и една викендичка“, изјави денеска Игор Ризов, командир на ТППЕ Гевгелија.

Појасни дека по избувнувањето на пожарот веднаш била остварена телефонска комуникација со грчките пожарникари заради координација во гаснењето на пожарот.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Гевгелијапожар
Претходен напис Крушево ќе стане европска ковид-19 безбедна дестинација
Следен напис Министерот Хоџа ги потпиша договорите за финансиска поддршка за развој на земјоделството во осумте плански региони во земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?