Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа ги потпиша договорите за финансиска поддршка за развој на земјоделството во осумте плански региони во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа ги потпиша договорите за финансиска поддршка за развој на земјоделството во осумте плански региони во земјава
Агровести

Министерот Хоџа ги потпиша договорите за финансиска поддршка за развој на земјоделството во осумте плански региони во земјава

Објавено 23/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска ги потпиша договорите со претставниците на осумте плански региони во земјава со кои се доделува финансиска поддршка за нивен развој во областа на земјоделството и руралниот развој.

Вкупниот буџет за годинава за оваа намена за реализација на проекти изнесува 25 милиони денари, средства од МЗШВ. Со овие средства се опфатени 20 општини и ќе се финансира реконструкција на 29 локални патишта, што, како што информира министерот Хоџа претставува најголем број проекти од како постои имплементацијата на програмата.

-Рамномерниот развој на целата територија на нашата држава во сите региони подеднакво е една од нашите цели за подобрување на економијата особено во руралните средини. Нашата цел е континуирано да се создаваат услови за развој на селата. Силните аграрни политики со фокус на младите нема да ги дадат резултатите доколку не ги подобриме условите. Има многу млади луѓе кои одбраа да останат во села и да продолжат да ја обработуваат земјата која им е дедовина аманет и наследство. Има многу фармери кои изнајмуваат земјиште, ги развиваат своите аграрни проекти и придонесуваат за развој на земјоделството и подобрување на домашната економија – рече министерот по потпишувањето на договорите.

May be an image of 2 people, people standing and indoor

Доделувањето на средствата за центрите за развој на планските региони, нагласи, е една од мерките која овозможува регионален развој и е поддршка за аграрните политки за развој на наште села.

May be an image of 2 people, people sitting, people standing and indoor

-Потпишувањето на договорите за финансирање на проекти за подобрување до пристапот до обработливо површини во подрачјата со интензивна земјоделска активност е овозможено преку програмата за капирални субвеции. Проектите за финансирање се одбираат согласно дефинирани критериуми во програмите, а новина е што по препорака на проектот за одржлив инклузивен рамномерен регионален развој планските региони се бодуваат по степеност на развиеност. Општините кои се најслабо развиени, добиваат најмногу бодови. На овој начин ќе овозможиме овие региони кои заостануваат во развојот да можат да им се придружат на другите и наскоро сите осум да можат да продолжат од иста страртна позиција – рече министерот Хоџа. Тој е уверен дека реализацијата на проектите ќе придонесе кон поттикнување на развој на општините и планските региони и отворање нови перспективи за граѓаните.

May be an image of 2 people, people sitting, people standing and indoor

May be an image of 3 people, people standing and indoor
May be an image of 1 person, sitting and indoor

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:Хоџа
Претходен напис Оштетени 30 хектари земјоделско земјиште, изгорена механизација и штала во пожарот во пограничниот регион на Гевгелија
Следен напис Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?