Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите најавуваат нов протест на 11 октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите најавуваат нов протест на 11 октомври
Агровести

Оризопроизводителите најавуваат нов протест на 11 октомври

Објавено 05/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нова блокада на магистралните патишта за 11 октомври најавуваат оризопроизводителите од Кочанскиот регион.

Причина за повторното излегување на протест е што нема никаков договор за откупните цени на оризовата арпа пред новата жетва.

-Чекавме ресорното Министерство и откупувачите на ориз да се договорат и да најдат решение за цената, но за жал од тоа нема ништо. Во моментот арпата се откупува по 22 до 24 денари за килограм, што значи не стигнува ни до производната цена од 27 денари што ја утврди Институтот за ориз. Ако тоа не е релевантно, не знаеме што може да ја определи откупната цена. Мора над тоа да имаме уште најмалку 15 денари за да опстанеме, во спротивно нема зошто воопшто да се сее оризот, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

-Покачувањето на трошоците само за жетва се над 50 отсто во споредба со лани, така што за еден хектар сега треба да платам околу 18 илјади денари. Исто така и репроматеријалите беа поскапи најмалку за половина од минатогодишните цени, а ѓубривата ги плативме тројно поскапо, па со оваа цена на оризот нема што да планираме за догодина, истакна Тоде Ристов, оризопроизводител од Облешево, пренесува МИА.

Земјоделците се подготвени за новата жетва, но собраната реколта нема да ја носат кај откупувачите.

-Ќе ја чувам арпата дома, за цена од 24 денари не ја давам. Од пријатели кои веќе ожнеале слушнав дека во нашиот атар има и потфрлање во добиените количини од декар, дури и до 50 отсто помалку од лани. Ако биде така, со толкаво производство и со овие откупни цени нема излез. Не знам како може цените на другите продукти да се покачуваат, а на оризот да си биде исто како лани, истакна Здравко Донев, оризопроизводител од Спанчево.

Оризопроизводителите најавуваат дека блокадата на магистралниот пат Кочани – Штип, како и претходно, ќе биде на четири пункта, но подготвени се наместо неколку часови, да трае цело деноноќие, па и подолго.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:11 октомвриоризопроизводителипротести
Претходен напис Утрово најстудено во Берово и Лазарополе
Следен напис Африканска чума потврдена во Долно Којнаре, вонреден попис во Умин Дол, Љубодраг и Ново Село
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?