Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Африканска чума потврдена во Долно Којнаре, вонреден попис во Умин Дол, Љубодраг и Ново Село
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Африканска чума потврдена во Долно Којнаре, вонреден попис во Умин Дол, Љубодраг и Ново Село
Агровести

Африканска чума потврдена во Долно Којнаре, вонреден попис во Умин Дол, Љубодраг и Ново Село

Објавено 05/10/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Африканска чума кај свињи е регистрирана и лабораториски потврдена во едно одгледувалиште во кумановското село Долно Којнаре, додека во Умин Дол, Љубодраг и Ново Село откако се пронајдени угинати свињи кај депонијата кај Никуштак се спроведува вонреден попис и клинички се прегледуваат одгледувалиштата, соопштија денеска за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во овие три села важи забрана за колење животни во домашни услови до добивање негативен резултат.

Агенцијата за храна и ветеринарство информирадека во кумановското село Долно Коњаре, африканска чума е регистрирана и лабораториски потврдена во едно одгледувалиште со 26 животни, каде се угинати две животни. Во ова село Агенцијата дефинирала две зони од три и десет километри околу жариштето каде согласно донесеното решение ќе се преземат соодветни заштитни и контролни мерки. Околу жариштето, во ова село спроведена е мерка убивање и нештетно отстранување на четири свињи и 20 прасиња.

– По пронаоѓањето на угинати свињи на депонијата во село Липково по пријава на граѓанин, за кои лабораториски се потврди присуството на болеста, во селата Умин Дол, Љубодраг и Ново Село, се спроведува вонреден попис и идентификација на животните, клинички прегледи на секое одгледувалиште со свињи. Овде на сила е забраната за колење на животни во домашни услови до добивање на негативен резултат со кој се потврдува дека свињите не се заразени со вирусот на африканска чума, а животните кои ќе покажат знаци на болеста ќе бидат убиени и нештетно отстранети со земање на мостри за лабораториско тестирање, соопштија од АХВ.

Ветеринарните друштва активно се вклучени на терен преку спроведување на мерките за попис на одгледувалиштата, идентификацијата на животните, евтаназија заедно со официјалните ветеринари и се земаат мостри за лабораториско испитување.

Од Агенцијата потсетуваат дека согласно Законот за ветеринарно здравство и правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај свињите, во случај на потврда на болеста една од контролните мерки се врши убивање на свињите и нивно нештетно отстранување под надзор на официјален ветеринар. Убивањето се врши на начин со кој се избегнува ризикот од ширење на вирусот на африканска чума кај свињите.

– Со донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки дефинирани се зоните (контролна и зона под надзор). Свињите од заштитните зони (три километри) се убиваат и нештетно се отстрануваат. Ова се однесува на фармите со висок ризик односно за оние одгледувалишта кои немаат имплементирано високи биосигурносни мерки. Одгледувалиштата кои имаат имплементирано високи биосигурносни мерки имаат можност свињите економски да ги искористат со колење во кланица со која АХВ има склучено договор, велат од Агенцијата.

Оттаму нагласуваат дека свињите од одгледувалиштата од зоната под надзор (10 километри) се откупуваат од страна на кланиците со кои АХВ има склучено договори. Месото од закланите животни кланиците имаат обврска да го предадат на преработувачките капацитети за термичка обработка. И од зоните под надзор во радиус од десет километри околу жариштата, каде согласно донесените решенија се спроведуваат мерки за депопулација, свињи можат да се колат и за домашни потреби, но исклучиво под надзор на официјален ветеринар и со задолжително лабораториско тестирање на месото. За одземените и убиените животни на одгледувачите Агенцијата за храна и ветеринарство им исплаќа паричен надомест за различните категории животни согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните кои се одземаат заради искоренување на заразни болести на територијата на Република Северна Македонија.

– Африканската свинска чума не е зооноза – болест која е опасна за луѓето, но, е високо заразна за домашните и дивите свињи кои се сметаат за главен резервоар на болеста. Луѓето можат да бидат преносители на болеста. Неопходна е крајна внимателност од страна на одгледувачите на свињи и имплементирање на високи биосигурносни мерки на фармите со цел да се спречи внесување и ширење на вирусот на фармите. Онаму каде е потврдено присуство на болеста неминовно е почитување на дефинираните контролни и заштитни мерки со цел спречување на ширење на вирусот во регионите каде тој не е присутен. Во однос на консумирањето на месо, но, само од аспект на спречување на можноста од пренесување на вирусот, а не и по здравјето на граѓаните, безбедно е месото кое е термички обработено, велат од АХВ.

Вчера, општинскиот кризен штаб одржа состанок на кој се дискутираше за мерки и решенија за појава на африканска чума во кумановски села.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМАДОЛНО КОЈНАРЕНИКОЛЧЕ БАБОВСКИУМИН ДОЛ
Претходен напис Оризопроизводителите најавуваат нов протест на 11 октомври
Следен напис Бачовски: Со финансиска поддршка од АФПЗРР гимназија од Радовиш доби фотоволтаични панели преку кои сончевата енергија ќе се претвора во електрична
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?