Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека интересите на земјоделците во регионот мора да бидат заштитени од штетните ефекти на украинските евтини житарки.
„Интересите на земјоделците во регионот мора да бидат заштитени со заеднички напори. Поважно е дека житото произведено под многу поголема контрола и очекувања за квалитет има поголема вредност. Покрај очекувано понискиот квалитет, украинското жито е поконкурентно по цена, но не и по вредност“, напиша Орбан на својот фејсбук-профил.
Според Орбан, сегашните аномалии мора да се отстранат и конкуренцијата да се врати на линијата за квалитет.
На самитот на Европската Унија, кој заврши пред неколку дена, земјите од Централна Европа се согласија да соработуваат и да обезбедат заштита на земјоделските производители од „штетните ефекти на украинските дампинг житарки“, рече Орбан.
Тој додаде дека нивните акции ќе ги координира неговиот полски колега Матеуш Моравјецки.
