Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оранжериските комплекси во Кочани ќе се откажат од геотермалната вода ако повеќе од двојно се покачи нејзината цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оранжериските комплекси во Кочани ќе се откажат од геотермалната вода ако повеќе од двојно се покачи нејзината цена
Агровести

Оранжериските комплекси во Кочани ќе се откажат од геотермалната вода ако повеќе од двојно се покачи нејзината цена

Објавено 29/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Три оранжериски комплекси во Кочани, кои за затоплување во зимскиот период ја користат геотермалната вода, најавија дека ќе се откажат од услугите на подружницата „Геотерма“ на комуналното претпријатие „Водовод“ ако се прифати барањето на Управниот одбор за покачување на цената за 123,5 проценти.

Во заедничкото соопштение на фирмите „Агротреф“, „Зелена куќа“ и „Оранжерии Добра“ се истакнува дека со предложената нова цена од 75,61 за кубен метар геотермална вода не постои никаква економска оправданост за нејзино користење како енергенс.

-Како правни субјекти нема да можеме да ја користиме водата од „Геотерма“, затоа што производството на раноградинарски производи ќе биде целосно неисплатливо. Според нашите пресметки, крајната цена што ќе треба ние како корисници да ја плаќаме за потрошен кубен метар ќе изнесува 92,2 денари, со оглед што на основната цена се плаќа ДДВ од 18 отсто и плус фиксна давачка од 2,1 денари за Фонд за води. Ние очекувавме поскапување на енергенсот, но пресметките што ги направиле во „Водовод“ се нереални и примената на новата цена ќе значи прекин на нашето производство и затворање на капацитетите. Со тоа, над 150 луѓе ќе останат без работа, а наместо домашни раноградинарски производи, граѓаните ќе бидат принудени да купуваат увозни, веројатно и поскапи, истакнуваат одговорните во „Оранжерии Добра“, пренесува МИА.

Одлуката за покачување на цената на кубен метар геотермална вода, што досега корисниците ја плаќаа по 33,82 денари, пред неколку дена ја донесе Управниот одбор на КЈП „Водовод“, а согласност за нејзината примена треба да даде Советот на Општина Кочани. Барањето за поскапувањето е една од точките на дневниот ред на седницата што треба да се одржи утре. т

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:геотермагеотермална водаКочаниоранжериско производство
Претходен напис (ВИДЕО) Идеја за фантастична зимница – Пиперки во сенф
Следен напис (ФОТО) Работни активности во расадникот „Мавровица“ на „Национални шуми“, каде што се произведуваат садници по контејнерски метод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?