Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општините Кочани и Виница заедно ќе спроведат авионско прскање против комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општините Кочани и Виница заедно ќе спроведат авионско прскање против комарци
Агровести

Општините Кочани и Виница заедно ќе спроведат авионско прскање против комарци

Објавено 24/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општините Кочани и Виница ќе спроведат координирана акција за прскање од воздух против комарците, со што се очекува да се постигне поголема ефикасност против здодевните инсекти.

Со оглед што истиот оператор ќе го обезбеди авионскиот третман, двете локални самоуправи се договориле тоа да биде во ист ден. Градоначалникот на Виница, Миле Петков на денешната седница на општинскиот Совет даде образложение за претстојната активност.

-Во нашата општина пред една недела имаше терестички третман против комарците од земја, а за овој викенд, в сабота или недела ќе има авионско прскање. Веќе испланиравме тоа да го направиме заедно со Општина Кочани, односно и Кочани и Виница да бидат во ист период. Ќе биде во сабота, евентуално недела, ако не се расипе времето, па да се одложи. Инаку, така е договорено веќе, истакна Петков.

Исто како во Виница, и во Кочани веќе се реализираше терестичкиот третман, односно прскањето од земја против комарците, така што авионското ќе биде продолжување на овогодишната кампања за дезинсекција.

Годинава Општина Кочани склучи договор во вредност од над 1,5 милион денари во бруто износ со компанијата „Бониер“ од Куманово за воздушно прскање, како и со компанијата „Лиса Ком“ од Кавадарци за терестичко ларвицидно третирање во износ од околу 300 илјади денари.

Општина Виница пак, за авионското прскање на кумановската фирма ќе ѝ плати над 370 илјади денари, додека за терестичкиот ларвициден третман со Центарот за јавно здравје од Скопје склучи договор на нешто повеќе од 120 илјади денари.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Авионско прскањевиницазаеднокомарциКочаниопштините
Претходен напис Нови повисоки цени на горивата
Следен напис Маричиќ: Преговорите, реформската агенда и европските фондови се клучни процеси за натамошниот развој на државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?