Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Охрид со јавен повик за надомест на штетите за земјоделците чии насади се засегнати од мразот изминатите денови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Охрид со јавен повик за надомест на штетите за земјоделците чии насади се засегнати од мразот изминатите денови
Агровести

Општина Охрид со јавен повик за надомест на штетите за земјоделците чии насади се засегнати од мразот изминатите денови

Објавено 09/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Охрид објави Јавен повик за пријавување штети на земјоделски насади настанати поради ниските температури и голомразицата што изминатите неколку дена го зафати регионот.

Пријавувањето на штетите може да се изврши почнувајќи од денеска се до 17 април.

Граѓаните потребно е да поднесат Барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на општина Охрид.

Покрај Барањето секој барател треба да достави копија од имотен лист, копија од лична карта, доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп), како и трансакциска сметка, информираат од Општина Охрид.

Со потпишување на Барањето потребно е да се потпише и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Посочуваат дека доколку доставените документи не се целосни, барањето нема да се разгледува.

Земјоделците од регионот веќе укажаа дека штетите од снегот и ниските температури се видливи во овошните насади, особено засегнати се овошките во цут како сливите, црешите, јаболката…. Според нив, неповолните временски услови сигурно негативно ќе се одразат на родот, што значи удар врз семејствата од охридскиот регион кои исклучиво егзистираат од земјоделие. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:земјоделцитејавен повикмразотохридштетите
Претходен напис ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај скопското село Бадар
Следен напис ЕП и Советот на ЕУ постигнаа договор за мерките за намалување на загадувањето со микропластика 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?