Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕП и Советот на ЕУ постигнаа договор за мерките за намалување на загадувањето со микропластика 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕП и Советот на ЕУ постигнаа договор за мерките за намалување на загадувањето со микропластика 
Агровести

ЕП и Советот на ЕУ постигнаа договор за мерките за намалување на загадувањето со микропластика 

Објавено 09/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за спречување на загадувањето со микропластика, која треба да обезбеди заштита на животната средина, но и да и овозможи на европската индустрија да продолжи да работи одржливо. 

Предлагачот на регулативата, Европската комисија, го поздрави договорот, посочувајќи дека тој ќе овозможи да се намалат загубите на пластични маси при секојдневните работни процеси или при транспортот, кои завршуваат во животната средина, вклучително и во морињата.  

– Новите правила се очекува да ги намалат загубите на пластични суровини до 74 отсто, што ќе помогне да се зачуваат екосистемите и биолошкиот диверзитет, да се намалат ризиците по здравјето на луѓето и да се подобри репутацијата на секторот. Ова, од друга страна, ќе им користи на економските актери во повеќе сектори, како на пример во земјоделството, аквакултурата и туризмот, соопшти ЕК. 

Според анализите, пластиката ги контаминира водата и почвата, вклучително и земјоделските површини, и им нанесува штети на екосистемите и на биодиверзитетот, предизвикувајќи физички оштетувања или угинување на морските и крајбрежните видови, како што се морските желки, морските птици и школките. 

– Микропластиката е отпорна, подвижна и исклучително тешка и скапа за отстранување од природата. Таа се наоѓаат низ целиот свет, дури и на оддалечени локации, но и во човечкото тело, што предизвикува сериозна загриженост за нејзиното влијание врз здравјето на луѓето, наведува Еврокомисијата. 

Според неа, премногу често товарот за справување со микопластиката паѓа на локалните заедници, па затоа сега со оваа регулатива економските оператори и превозниците ќе мора да применуваат нови мерки за спречување на загадувањето со пластични маси.  

Мерките, меѓу другото, предвидуваат користење на квалитетна амбалажа, која нема да протекува или просејува, на садови за излевање, како и на правосмукалки за чистење со доволен капацитет. За микро и малите претпријатија се предвидени делумни отстапки од овие мерки, имајќи го предвид нивното учество во синџирот на снабдување. 

Целта е намалување на загадувањето со пластични маси, ограничување на употребата на производи со намерно додадена микропластика и намалување на ненамерното ослободување на микропластика во природата, кое со Акцискиот план за нулто ниво на загадување, до 2030 година треба да се намали за 30 отсто во однос на сегашното ниво. 

– Ова ќе ја зголеми одговорноста и ќе ја подигне свеста за влијанието на различните практики врз животната средина и здравјето на луѓето, додава Еврокомисијата. 

Сега, постигнатиот договор треба и да го одобрат Европскиот парламент и Советот на ЕУ, со што новата регулатива ќе биде и формално усвоена.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ДоговорЕПмикропластикаСоветот на ЕУ
Претходен напис Општина Охрид со јавен повик за надомест на штетите за земјоделците чии насади се засегнати од мразот изминатите денови
Следен напис Претседателот на САД Доналд Трамп објави пауза од 90 дена на неговите огромни тарифи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?