Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување штандови за „Ден на дијаспората 2026“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување штандови за „Ден на дијаспората 2026“
Агровести

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување штандови за „Ден на дијаспората 2026“

Објавено 05/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување продажни штандови за потребите на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 9 август на улицата „Александар Македонски“.

Како што информираат од Општината, повикот е наменет за сите заинтересирани правни и физички лица, како и самостојни вршители на дејност, кои сакаат да учествуваат со свои производи и услуги во рамки на традиционалната манифестација.

Просторот за поставување штандови ќе се доделува по принципот „до пополнување на расположливите локации“, со плаќање административна такса во износ од 300 денари и комунална такса од пет денари по квадратен метар за користење јавен простор.

Според условите од јавниот повик, право на учество имаат правни лица, самостојни вршители на дејност и физички лица кои вршат продажба од времен карактер и на сопствени рачно изработени производи. Физичките лица нема да можат да вршат продажба на храна и пијалаци.

Од Општината посочуваат дека учесниците се должни да имаат регистрирана дејност согласно законските прописи, да обезбедат фискален апарат, да издаваат фискални сметки и да ги почитуваат обврските кон Управата за јавни приходи. За физичките лица е предвидена и обврска пред почетокот на продажбата да поднесат барање за паушално оданочување и да поседуваат решение од Управата за јавни приходи.

Заинтересираните можат да поднесат барање за користење јавна површина во архивата на Општина Македонска Каменица или по електронски пат, најдоцна до 7 август.

Од локалната самоуправа информираат дека ќе обезбедат простор за поставување на штандовите, додека законската и даночната одговорност за работењето останува на учесниците, со повик сите заинтересирани навреме да се пријават и да бидат дел од годинашното издание на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“.

МИА

Може да ви се допадне

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција
Засилени контроли со сателитски снимки и за земјоделските површини пријавени за субвенции
Серафимовски за МИА: Имаме класична злоупотреба на субвенциите, се користат ушни маркички од угинати грла за да се добие финансиска поддршка
АХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
Македонска берза изготви Водич за трансформација и раст преку пазарот на капитал
Таг:Ден на дијаспората 2026Македонска каменица
Претходен напис Засилени контроли со сателитски снимки и за земјоделските површини пријавени за субвенции
Следен напис Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?