Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
Агровести

Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции

Објавено 29/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци.

-Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, што претставува повеќе од двојно зголемување и сериозно го оптоварува водоснабдителниот систем, се наведува во соопштението.

За ова, според Општината, причина е масовното користење на водата за пиење за наводнување на тревници, бавчи и земјоделски култури, како и за миење на дворови, бекатон-површини и други површини.

-Поради ваквата несовесна и неодговорна потрошувачка, високите зони веќе се соочуваат со сериозен недостиг на вода, а доколку потрошувачката не се намали, ќе биде загрозено редовното водоснабдување и во останатите населени места, се алармира во соопштението.

Општина Кочани апелира до сите граѓани веднаш да престанат со користење на водата за наводнување и миење на дворови и други површини и истата да ја користат исклучиво рационално.

Доколку ваквата состојба продолжи, се најавува воведување рестрикции за несовесните корисници, со цел да се обезбеди уредно и непречено водоснабдување за сите граѓани.

-Апелираме до сите жители да покажат одговорност и солидарност, бидејќи само со рационално користење на водата може да се обезбеди стабилно водоснабдување во сите населени места, се нагласува во итното соопштение на Општина Кочани.

МИА

Може да ви се допадне

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот
Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово ќе потпишат грант од два милиони долари
Осум пожари на отворено во текот на денов, три се уште активни
Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона
Таг:алармираКочанипотрошувачкатарестрикции
Претходен напис Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
Следен напис Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?