Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Јавни огласи и повици

Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели

Објавено 18/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, во рамки на годишната програма за финансиска поддршка на жителите и мерките за унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. 

Со повикот се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот уред или панел, односно најмногу до 10.000 денари по производ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, посочи дека мерката има за цел да го поттикне користењето на енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија во домаќинствата, со што директно се придонесува за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот. 

Право на учество имаат сите граѓани со постојано живеалиште на територијата на општината кои ќе набават инвертер клима или соларен панел од 18 мај 2026 година, па сè до исцрпување на предвидените средства, при што субвенцијата може да се искористи еднаш по семејство. 

Барањата ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, по принципот „прв дојден, прв услужен“, а надлежната комисија ќе може да изврши увид на лице место за потврда на поставената опрема. 

Од Општина Илинден информираат дека сите заинтересирани граѓани дополнителни информации за условите и потребната документација можат да добијат во просториите на општината или на официјалната веб-страница. 

МИА

Може да ви се допадне

Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26: Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино
Таг:10.000 денариилинденинвертер климисубвенции
Претходен напис Рецепт: Запечени макарони со сирење
Следен напис УХМР: Умерени промени на водостоите на реките, стабилно ниво на езерата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?