Обработката на земјиштето во текот на вегетацијата, меѓуредово и редово помеѓу растенијата се извршува машински или рачно. Целта е горниот дел на ограничениот слој на земјиште да се одржи во растресита состојба и со тоа на растенијата да им се обезбеди поволен воден, воздушен и топлотен режим. Со оваа обработка истовремено се уништуваат и плевелите.
Бројот на копање зависи од закоравеноста на земјиштето, типот на земјиштето, зачестеноста и интензитетот на дождови, бројот на наводнувања.
Првото и второто копање се изведуваат подлабоко, пред да се развие кореновиот систем кој во голем дел се простира во површинскиот слој на земјиштето. Подоцна со подлабоко копање, кореновиот систем се оштетува, што доведува до пореметување во снабдувањето на растенијата со вода и хранливи материи. Затоа подоцна обработката се сведува на прашење поради уништување на плевелите и уништување на кората на земјиштето.
На почетокот на плодоносот посевот треба да се прихрани со другата половина на вкупната доза на минерални ѓубрива. Во градинарското производство ѓубривото треба да се расфрла околу секое растение, а потоа да се копа целата површина. На големите плантажи ѓубрењето се врши истовремено со меѓуредовата обработка на земјиштето со машини.
Извор: agrosavjet.com
