Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охридските производители на традиционални продукти и производи обединети во конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Охридските производители на традиционални продукти и производи обединети во конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“
Агровести

Охридските производители на традиционални продукти и производи обединети во конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“

Објавено 17/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десеттина сопственици на мали бизниси и произведувачи на органска автентична храна од охридскиот регион вчера одржаа основачко собрание на конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“, како организација со основна цел почитување на традицијата, културните вредности и биодиверзитетот. Конвивиумот „Слоу Фуд“ е активност насочена кон спречување на се поголемата глобална хомогенизација на одредени производи, со особен нагласок на одбрана на традиционалната храна и локалните прехранбени продукти пред напливот на унифицирани производи и едноличноста во понудата.

– Сите истражувања покажуваат дека Охрид како туристички град нема соодветна понуда на традицонална храна, со локални продукти и производи што би биле бренд, а ги поседува, само не се доволно експонирани. Втора цел е промоција и поддршка на локални производители, преку регистар со опис на дејноста. Преку промоција на нивните активности и вмрежување тие ќе можат помоќно да настапат на пазарот – преку нивна поврзаност со локалните угостители и пласман за нивни производи – појасни Ангела Паскуале, професор д-р по гастрономија.

„Слоу Фуд“ движењето и ораганизацијата почна во Италија, кога во Рим во непосредна близина на Фонтана ди Треви беше отворен ресторан за брза храна, што наиде на остри реакции кај локалното население и домашните производители на храна. Нивната активност почна како движење за одбрана на локалните вкусови и продукти по кои италијанската кујна е препознатлива во светот.

Во Македонија веќе постојат десет „Слоу Фуд“ конвивиуми. Седумнаесет ресторани во земјата веќе се дел на конвивиумот „Слоу Фуд Гостилници“, со предуслов 70 отсто вкупната нивна понуда на храна на самото мени да биде од сопствено производство, со продукти типични, карактеристични за односниот микро-регион. Првична активност на „Слоу Фуд Охрид“ ќе биде нивно вмрежување со локалните угостители, а подоцна е и нивно вклучување во светскиот конвивиум „Тера Мадре“ каде и официјално се регистрираат вкусовите од целиот свет. Од Македонија досега четири производи се дел од светската листа вкусови, меѓу кои слаткото од диви смокви, буковската пипер, сирењето од Галичко-реканскиот крај и медот од автохтоната пчела.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:slow food ohrid
Претходен напис Времето денеска претпладне облачно, попладне сончево и потопло
Следен напис Иван Вангелов од Богданци се занимава со плантажно одгледување на тартуфи: Македонија има одлична плодна почва и клима за создавање на сите видови комерцијални тартуфи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?