Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одржана првата седница на Управниот одбор на Национална рурална мрежа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одржана првата седница на Управниот одбор на Национална рурална мрежа
Агровести

Одржана првата седница на Управниот одбор на Национална рурална мрежа

Објавено 22/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа првата седница на Управниот Одбор на Национална рурална мрежа (НРМ). Со тоа се заокружи процесот на верификација на членството на Рурална мрежа и едногласно се усвои Деловодникот за работа

Националната рурална мрежа е нова платформа финансирана од буџетот на Руралната програма на МЗШВ, креирана по европски терк, со целосна вклученост на членството во нејзиното управување. Платформата е алатка за информирање која на едно место им нуди на земјоделците информации за сите мерки и активности кои им се ставени на располагање.

Зачленувањето и членството во Националната рурална мрежа е доброволно и бесплатно за сите граѓани, кои вршат одредена дејност во руралните средини, за сите компании, за сите органи на јавниот сектор и за сите други облици на организациона форма кои делуваат во оваа област.

Досега се зачлениле скоро триста членови (296) што е одличен резултат за само два месеци, меѓу кои има научно образовни институции, единици на локалната самоуправа, трговски друштва, земјоделски, граѓански и земјоделски здруженија, земјоделски задруги и ЛАГови.

Овој податок зборува дека има голем интерес од агросекторот, а најголемата потврда за ова ќе ја добиеме по објавувањето на првиот јавен повик за поднесување на барања за предлог активности за спроведување на акцискиот план на НРМ за 2023, кој треба да биде објавен на 13 март.

Министерството ги повикува сите заинтересирани кои до сега не се зачлениле да го сторат тоа што побрзо, бидејќи по отворањето на повикот страната нема да прифаќа нови зачленувања додека трае повикот.

Националната рурална мрежа ќе дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на Република Северна Македонија, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец по пат на вмрежување и создавање на партнерства.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:национална рурална мрежа
Претходен напис Како да се регистрирате за продажба од куќен праг – услов за добивање грант од 10.000 евра
Следен напис Пролетен лук – Кога и како да се засади?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?