Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одрони на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска К. – Кочани и на патот Берово – Виница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одрони на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска К. – Кочани и на патот Берово – Виница
Агровести

Одрони на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска К. – Кочани и на патот Берово – Виница

Објавено 07/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интензивните врнежи од дожд во Пијанечкиот регион повторно влијаеа на создавање одрони на повеќе места на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани како дел од магистралата А3.

Поголеми одрони утрово како што јавуваат возачи има на излезот од Делчево, веднаш по првата кривина кај село Очипала.

-Одроните се доста големи кај Очипала, делница каде по секој дожд или снег одроните се присутни. Така беше и утрово, а освен таму, долж патниот правец може да се забележат и на други места, каде и порано имало одрони. Дел од нив зафаќаат еден дел од коловозната лента и затоа советот е да се вози внимателно, информираат возачи.

На регионалниот патен правец во есенско-зимскиот период при појава на врнежи, како што потврдија од ,,Македонија пат”, е честа појавата на одрони.

-Утрово имавме интервенции на расчистување поголеми одрони долж магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани. Иако во моментот патничкиот и товарниот сообраќај се одвива без проблеми, сепак апелот е да се внимава на овој патен правец, истакнаа од „Македонија пат”.

Оттаму додадоа дека екипи работат и на расчистување на одрони на патниот правец Берово – Виница.

-Нашите екипи остануваат во обиколка на теренот и во секоја слична ситуација благовремено ќе интервенираме, додадоа од „Македонија пат”.

Во изминатите 24 чада сообраќајот на споменатите патни правци се одвива по влажни коловози, што според надлежните упатува на дополнителна претпазливост во сообраќајот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:одрони
Претходен напис Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег
Следен напис Јајцата, оризот и тестенините може да се најдат на листата производи со „замрзнати” цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?