Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јајцата, оризот и тестенините може да се најдат на листата производи со „замрзнати” цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јајцата, оризот и тестенините може да се најдат на листата производи со „замрзнати” цени
Агровести

Јајцата, оризот и тестенините може да се најдат на листата производи со „замрзнати” цени

Објавено 07/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јајцата, оризот, макароните и другите тестенини, би можеле да бидат ставени на проширената листа производи чии цени ќе бидат замрзнати до 31 јануари 2022 година.

Дали Владата ќе ги додаде овие производи на лебот, шеќерот, брашното, млекото, сончогледово масло, месото и сувомесни производи кои веќе се „под мраз”, ќе зависи од податоците на Заводот за статистика во делот на движењето на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ако податоците покажат дека има зголемување, а граѓаните го чувствуваат тоа, листата ќе се прошири. И за додадените производи, до крајот на јануари догодина, би важеле цените кои биле формирани од трговците на 1 декември.

Бектеши вели дека целта е да се заштити стндардот на граѓаните и да се спречат ценовни шокови, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата.

Владата на 4 декември донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи. Цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, нема да се менуваат до крајот на јануари. Замрзнувањето на цените важи во трговијата на мало и на големо.

Од Владата најавија дека одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи, може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јајцаориз
Претходен напис Одрони на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска К. – Кочани и на патот Берово – Виница
Следен напис Инвестициска конференција – Развој на првата „зелена“ економска зона – Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?