Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?
Растително производство

Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?

Последна измена: 01/03/2025 08:37
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Ако сакаме да постигнеме поголем принос, да ја исчистиме нивата од плевел, да ја сочуваме почвата од ерозија, добро е да одгледуваме две култури на иста нива. За тоа е потребен поголем физички напор, но резултатот е соодветен на вложената работа, а тоа е поголем приход.

Одгледување комбинирани култури

Комбинирањето на земјоделските култури подразбира одгледување на две култури на една нива и е еден од добрите алтернативни начини за заштита и зачувување на природните ресурси. Иако притоа се разликуваат главната и секундарната култура, треба да се нагласи дека родот и квалитетот и на двете култури се важни. Од таа причина, ниту една култура не смее да страда или поради некоја причина да заостанува во растот и развојот, па затоа комбинацијата за одгледување мора внимателно да се избере. Постојат неколку комбинации на заедничко одгледување на две култури, а во пракса најпознати се следниве:

-пролетен јачмен и црвена детелина,
-пченка и соја,
-пченка и грав,
-пченка и тикви,
-домат и спанаќ,
-домат и ротквица,
-морков и зелена салата.

Предноста на одгледувањето на заеднички култури пред сè е поголемо производство на биомаса и принос и подобро искористување на расположливите ресурси, помала штета од плевел, болести и штетници, подобра и поразновидна исхрана на луѓето и животните и посигурен приход.

Придобивката од одгледувањето мешунки заедно со зрнести култури е тоа што мешунките имаат поволно влијание врз структурата на почвата, ја збогатуваат почвата со азот и со тоа ги намалуваат трошоците за оплодување.

Главно се комбинираат култури со длабок коренов систем со растенија со плиток корен за едни на други да не си попречуваат во снабдувањето со храна и вода. Од друга страна, растенијата со длабок коренов систем ја штитат почвата од ерозија.

Потоа се комбинираат култури со високото исправено стебло со култури кои имаат ниско стебло бидејќи имаат различна потреба за светлина и топлина.

Една од најголемите придобивки од комбинираното одгледување е тоа што во голема мера се покрива површината од нивата, што ја намалува можноста за создавање плевел бидејќи нема слободен простор за негов раст и развој.

Растенијата главно имаат различни непријатели во однос на болестите и штетниците, со што се намалува можноста инфекција да премине од едно на друго растение.

Кога се започнува со комбинирано производство, треба да се внимава обработливите површини да бидат помали затоа што ќе биде потребен поголем физички напор поради намалената можност за работа со машини за нега на посевите.

Извор: agroinfonet.com

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Одгледувањето домати е вистински предизвик: Навременото сеење и изборот на сортата влијаат на квалитетот на плодот
Методи за правилно определување на времето и количеството на вода за залевање на земјоделските култури
Таг:Oдгледувањедве културикомбинациинива
Претходен напис Одгледувањето домати е вистински предизвик: Навременото сеење и изборот на сортата влијаат на квалитетот на плодот
Следен напис Состојба на патишта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?